Захарија 10 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Народот повторно добива благослов.

1Молете Го Господа за дожд во време благопријатно; Господ ќе светне со молскавица и ќе ви даде обилен дожд – зеленило во поле.

2Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, талкаат оти немаат пастир.

3Против пастирите се распали гневот Мој, и јагнињата ќе ги пречекам; оти Господ Саваот ќе го посети стадото Свое, домот Јудин, и ќе го подготви како силен коњ за бој.

4Од него ќе направи аголен камен, од него – клин, од него лак за бој, од него ќе излезат сите управници на народот.

5И тие ќе бидат како јунаци што ги газат непријателите како улична кал, и ќе се борат, бидејќи Господ е со нив, и ќе ги посрамат јавачите на коњи.

6Ќе го зацврстам домот Јудин и ќе го спасам домот Јосифов, и ќе ги вратам, оти Јас се смилив над нив, и тие ќе бидат како да не сум ги оставил: зашто Јас сум нивниот Господ Бог, и ќе ги чујам.

7Како јунак ќе биде Ефрем; ќе се развесели срцето нивно како вино да пиеле, па ќе го видат тоа синовите нивни и ќе им се зарадува срцето нивно; во восхит ќе им биде тогаш срцето нивно во Господа.

8Ќе дадам знак и ќе ги соберам, оти ги откупив; ќе бидат многубројни како и порано;

9ќе ги раселам меѓу народите, но во далечни земји тие ќе се сеќаваат на мене и ќе живеат со децата свои, и ќе се вратат.

10Ќе ги вратам од земјата Египетска и од Асирија ќе ги соберам; ќе ги доведам во земјата Галад и на Ливан, и не ќе има доволно место за нив.

11Ќе преминат по морето и ќе ги поразат морските бранови; ќе пресушат сита длабини на реката, и ќе се смири гордоста на Асура, и скиптариот ќе биде одземен од Египет.

12Ќе ги зацврстам во Господа, и тие ќе одат во името Негово, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help