3 Царства 22 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ахав подготвува поход против Рамот Галадски; лажни пророци му претскажуваат успех; пророкот Михеј претскажува неуспех.

1Изминаа три години, без војна меѓу Сирија и Израил.

2На третата година јудејскиот цар Јосафат отиде при израискиот цар.

3Израилскиот цар им кажа на слугите свои: »Знаете ли, дека Рамот Гладски е наш? А ние толку долго молчиме и не го земаме од рацете на сирискиот цар.«

4И му рече на Јосафата: »Ќе појдеш ли со мене во војна против Рамот Галадски?« Јосафат му одговори на израилскиот цар: »Како што одиш ти, така и јас; како твојот народ, така и мојот народ; како твоите коњи, така и моите.«

5Јосафат уште му рече на израилскиот цар: »Прашај денес што ќе каже Господ.«

6Израилскиот цар ги собра тогаш пророците – до четиристотини души – и ги праша: »Да одам ли во војна против Рамот Галадски, или не?« Тие одговорија: »Оди, Господ ќе го предаде во рацете на царот.«

7Јосафат праша: »Нема ли тука уште некој пророк Господов, та преку него да Го прашаме Господа?«

8Израилскиот цар му одговори на Јосафата: »Има уште еден човек, преку кого можеме да го прашаме Господа, но јас не го сакам него, зашто не пророкува за мене добро, туку само зло, – тој е Јемвлаевиот син Михеј.« Јосафат рече: »Цару не говори така.«

9Израилскиот цар повика еден дворјанин и рече: »Оди поскоро по Јемвлаевиот син Михеј!«

10Израилскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, седеа секој на своето седиште, облечени во царска облека, на плоштадот пред портите на Самарија, и сите пророци пророкуваа пред нив.

11Хенановиот син Седекија си направи железни рогови и рече: »Вака вели Господ: со овие ќе ги избодеш Сириците, дедека да ги истребиш.«

12И сите пророци го пророкуваа истото, велејќи: »Оди против Рамот Галадски; ќе има успех; Господ ќе го предаде во рацете на царот.«

13Испратениот, кој беше отишол да го повика Михеја, му рече: »Еве, зборовите на пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде согласен со зборот на секој од нив; искажи и ти добро.«

14Михеј одговори: »Жив ми Господ! Ќе го кажам она, што ќе ми каже Господ.«

15Кога дојде при царот, овој го праша: »Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или не?« А тој му одговори: »Оди, ќе има успех; Господ ќе го предаде во рацете на царот.«

16Тогаш царот му рече: »Пак ли да те заколнувам да не говориш ништо, освен вистината во името на Господа?«

17Тој одговори: »Ги гледам сите Израилци распрснати по горите како овци, кои немаат пастир, зашто Господ рече: ‚господар немаат; секој нека се врати со мир во домот свој.‘«

18Израилскиот цар му рече на Јосафата: »Нели ти реков, дека тој не пророкува добро за мене, туку само лошо?«

19А Михеј одоговори и рече: »Не така, ислушај го словото Господово; Го видов Господа како седи на Својот престол, и целата небесна војска стоеше при Него десно и лево;

20и Господ рече: кој ќе го наговори Ахава да оди и да падне во Рамот Галадски? И еден велеше вака, а друг инаку;

21еден дух, пак, истапи, застана пред лицето на Господа и рече: ‚јас ќе го склонам!‘ И еден велеше вака, а друг инаку;

22Тој одговори: ‚ќе излезам и ќе стана лажливиот дух во устата на сите негови пророци.‘ Господ рече: ‚ти ќе го наговориш и ќе го исполниш тоа;‘ оди и направи така.

23И, ете, Господ сега допушти лажлив дух во устата на сите тие твои пророци; но Господ искажа за тебе лошо.«

24А Хенановиот син Седекија се доближи, го удри Михеја по устата, и рече: »Како, зар излезе од мене Духот Господов, за да говори во тебе?«

25Михеј одговори: »Ете, ти ќе го водиш тоа во оној ден, кога ќе бегаш од една соба во друга, за да се сокриеш.«

26Тогаш израилскиот цар рече: »Земете го Михеја и одведете го при градоначалникот Амон и при царскиот син Јоаса.

27И кажете: вака вели царот: ‚Затворете го овој во темницата и хранете го скудно со леб и скудно со вода, додека не се вратам со мир.‘«

28А Михеј рече: »Ако се вратиш со мир, тогаш Господ не зборувал преку мене.« И рече: »Чујте, сите луѓе!«

29Потоа израилскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, тргнаа за Рамот Галадски.

30Израискиот цар му рече на Јосафата: »Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи си ги царските алишта.« И израилскиот цар се преоблече и влезе во борба.

31А Сирскиот цар им заповеда на војводите над колите, на број беа триесет и двајца, велејќи: »Не бијте се ниту со мал, ниту со голем, туку само со израилскиот цар.«

32Војводите над колите кога го видоа Јосафата, помислија, бездруго, тоа е израилскиот цар, и се свртеа против него, за да се удрат со него. Но Јосафат почна да вика.

33И војводите над колите кога видоа дека тој не е израилскиот цар, се иставија од него.

34А еден човек случајно го запна лакот и го рани израилскиот цар низ шевовите на околопот. А царот му рече на својот колар: »Врти назад и извади ме од војската, бидејќи сум ранет.«

35Но во тој ден борбата се засили, и царот стоеше во колата спроти Сирците, а вечерта умре; крвта од раката се слеваше по колата.

36И при зајдисонце беше објавено по целиот логор: секој да си оди во градот свој, секој – во земјата своја.

37Така умре царот и беше донесен во Самарија, и го погребаа царот во Самарија.

38Колата ја измија на Самарискиот извор, каде што се миеја блудниците, и кучињата ја лижеа крвта негова, според словото на Господа, кое Он го изрече.

39Другите дела на Ахава и сѐ што беше направил, и куќата од слонова коска, што ја изгради, и сите градови што ги изгради, се опишано во летописите на израилските цареви.

40Ахав почина при татковците свои, а место него стана цар синот негов Охозија.

41Јосафат, синот на Аса, стана цар над Јудеја во четвртата година на израилскиот цар Ахава.

42Јосафат беше на триесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, Салаилева ќерка.

43Во сѐ тој врвеше по патот на татка си свој Аса, не се отклонуваше од него, вршејќи го она што не беше угодно пред очите на Господа.

44Јосафат склучи мир со израилскиот цар.

45Другите дела на Јосафата и подвизите негови, што ги изврши, и како војувал, се опишани во летописите на јудејските цареви.

46И сите блудници што беа останале од времето на татка му Аса, тој ги истреби од земјата.

47Во Идумеја тогаш немаше цар; имаше царски намесник.

48Царот Јосафат изгради кораби на морето, за да оди во Офир по злато; но тие не стигнаа до таму, бидејќи се разбија во Есион-Гавер.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help