1Твојот вечен дух живее во сѐ.
2Затоа малку по малку ги изобличуваш оние што се заблудиле и, напомнувајќи им во што згрешиле, ги вразумуваш, та, откако отстапат од злото, да поверуваат во Тебе, Господи.
3И така, откако се одврати од древните жители на Твојата света земја,
4кои вршеа одбивни дела на вражање и идолски жртвувања,
5бездушни убијци на деца, на жртвени гозби кои јадат внатрешности од човечко тело и крв на тајни собранија,
6и од родителите, кои убиваа беспомошни души, одлучи да ги погубиш со рацете на татковците наши,
7та, земјата, која Ти е најдрага од сѐ, да го прими достојното население од чедата Божји.
8Но и нив, како луѓе, Ти ги поштеди откако им испрати стршни, како претходница на Твојата војска, за да ги истребиш малку по малку.
9Иако за Тебе не беше неможно грешниците да им ги потчиниш на предавниците, или да ги истребиш со страшни ѕверови или со збор страшен одеднаш,
10но Ти, казнувајќи ги по малку, време за покајание им даваше, иако добро знаеше деказлото им е вродено и дека нивната мисла никогаш нема да се измени.
11Семето нивно уште од почеток беше проколнато; и не од страв пред некого ги остави неказнети.
12Зашто кој ќе Ти рече: »Што направи Ти?« или кој ќе се противстави на Твојот суд? или – Кој ќе Те обвини што си погубил народи кои си ги создал Ти? или – Кој бранител ќе дојде при Тебе за да ги заштити неправедните луѓе?
13Зашто освен Тебе, нема Бог, Кој да се грижи за сите, за да Ти докажува дека несправедливо си пресудил.
14Ни цар, ни достоинственик не смее да дојде пред Твоите очи за оние што си ги погубил.
15Бидејќи си праведен, Ти праведно управуваш, сметаш дека е недостојно за Твојата сила да го казниш оној, кој казна не заслужил.
16Зашто силата Твоја е основа на Твојата правда, и самото тоа што владееш со сѐ можеш и да ги поштедиш сите.
17Силата Твоја ја покажуваш над оние, кои не веруваат во Твојата моќ; ја разобличуваш дрската смелост на оние кои не Те признаваат;
18имајќи голема сила, Ти судиш снисходливо и нѐ раководиш со голема милост, зашто твојата сила секогаш е во Твојата волја.
19Со такви дела Ти го поучуваш Твојот народ – дека праведникот треба да биде човекољубив, а на Твоите синови им даваше добра надеж, оти им даваш време за покајание на гревовите.
20Зашто, ако и непријателите на Твоите синови, макар виновни за смрт, си ги казнил со таква снисходливост и штедење, што им даваше време и можност да се ослободат од злото.
21та со какво внимание си им судел на своите синови, на чии татковци им дде клетва и завет за благи ветувања!
22И додека нас ни вразумуваш, нашите непријатели ги казнуваш илјада пати построго, така што, ние кога судиме, да мислиме на Твојата благост и кога сме судени – да чекаме помилување.
23Затоа и грешниците, што живееја неразумно, Ти ги измачуваше со нивните сопствени гревови,
24оти отидоа предалеку по патиштата на заблудата, мамејќи се како глупави деца, за богови ги почитуваа оние животни, кои дури и кај непријателите беа презрени.
25Затоа како на глупави деца им испрати казна за подбивање.
26Но, бидеќи не се вразумија од подбивната казна, доживеаја заслужен Божји суд.
27Зшто, откако го видоа она истото, што тие самите го поднесуваа со негодување, и врз оние што ги сметаа за богови и од кои биваа казнувани, Го познаа вистинскиот Бог за Кого пред тоа не сакаа ни да чујат;
28затоа и дојде врз нив крајната осуда.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.