Мудрост Соломонова 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Должност на секој цар е да копнее по мудрост.

1Затоа, слушајте цареви и разберете, поучете се судии од краиштата на земјата.

2Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите пред народите!

3Господ е Оној, Кој ви ја подари власта; силата е од Севишниот, Он ги иследува вашите дела и ги испитува вашите намери.

4Иако бевте служители на Неговото царство, не судевте право, не го држевте законот и не постапувавте според Божјите заповеди.

5Он ќе ви се јави страшно и набргу, а строг е судот над управниците;

6зашто малиот заслужува милост, а силните ќе бидат силно измачувани.

7Господ е над сите и од никого нема да се уплаши; Он не се плаши од никаква величина, Он соѕдал и мало и големо, за сите подеднакво промислува.

8Управниците ги очекува строга истрага.

9И така, цареви, моите зборови се упатени кон вас, за да се научите на мудрост и да не паѓате.

10Зашто оние кои ги осветивте, и самите ќе се исветат, а кои се поучени во тоа – ќе најдат оправдание.

11Затоа копнејте по моите зборови, засакајте ги и поучете се со нив.

12Мудроста е сјајна и не темнее – лесно ја гледаат оние што ја сакаат, ја наоѓаат – оние што ја бараат;

13таа ги пристигнува оние што ја бараат; прва им се покажува.

14Кој ја бара од рано утро, нема да се измачува, зашто ќе ја најде како седи пред неговата врата.

15Оти и самата мисла ѕа неа – совршенство е за разумот, а кој бдее заради неа, брзо од грижи ќе се ослободи;

16таа самата оди наоколу и ги бара достојните за себеси; доброволно им се јавува на нивните патишта, со нив се среќава при секоја мисла.

17Нејзиниот почеток е – твојата најискрена желба да учиш,

18а копнежот за учење – љубов е спрема неа; а да ја љубиш значи да ги сакаш нејѕините закони, а да ги пазиш нејзините закони тоа е залог ѕа твојата бесмртност,

19а бесмртноста доближува до Бога;

20затоа копнежот кон мудроста издигнува до царство.

21Ако вие, владетели, им се радувате на престолите и скиптрите, тогаш почитувајте ја мудроста, за да царувате довека.

22А што е мудроста и како настанала, ќе ви кажам – нема да ка скријам тајната;

23нема од вас да ги скријам тајните, ќе ги иследувам од самото раѓање;

24ќе ти го откријам нејзиното познавање, не ќе одземам од нејзината вистина;

25и нема да појдам заедно со оној што копнее од завист, таквиот нема ништо заедничко со мудроста.

26Многуте мудреци се спасение ѕа светот, а разумен цар – благосостојба е за народот.

27Затоа, поучувајте се од моите зборови и ќе ви биде од полза.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help