Псалми 83 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Копнеж за светилиште.

1Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите!

2Копнее душата моја сакајќи да е во Господовите дворови; срето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог.

3И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги положи пилињата свои, а јас при олтарите Твои, Господи на силите, Цару мој и Боже мој!

4Блажени се оние, кои живеат во домот Твој тие постојано Те фалат.

5Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои.

6Преминувајќи јадолината на плачот, тие наоѓаат извори во неа, и дожд ја покрива со благослови;

7минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога, на Сион.

8Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов!

9Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник!

10Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе сакам да бидат на прагот пред Божјиот дон, отколку да живеам во населбите на грешниците.

11Бидејќи Господ Бог сака милост и вистина, дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно.

12Господ на силите, блажен е оној човек, кој се надева на Тебе!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help