1 Царства 21 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Давид добива свети лебови заедно со мечот Голијатов.

1Давид дојде во Номва при свештеникот Авимелех, и Авимелех се збуни, кога се сретна со Давида, па му рече: »Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?«

2Давид му рече на свештеникот Авимелех: »Царот ми даде заповед, велејќи: ‚Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставам слугите свои на определено место;

3а сега дај ми, што имаш при рака, пет леба, или што ќе се најде.«

4Свештеникот му одговори на Давида, рече: »Немам при рака обичен леб, туку имам свештен леб; само, ако твоите луѓе се воздржале од жени, нека јадат.«

5Тогаш Давид му одговори на свештеникот и му рече: »Жени при нас немаше ни вчера, ни завчера, откако сум излегол, и садовите на момчињата се чисти, а ако патот е нечист, тоа лебот ќе остане чист во садовите.«

6Свештеникот му даде од свештениот леб, бидејќи немаше друг леб освен лебовите на предложението, што беа земени пред лицето на Господа, та по симнувањето нивно, да се стават топли лебови.

7Тој ден таму се наоѓаше еден од слугите Саулови, по име Доик, Идумеец, началник на Сауловите овчари.

8Давид му рече на Авимелеха: »Немаш ли тука при рака копје или меч? Зошто јас не зедов со себе ниту меч, ниту друго оружје, бидејќи пораката на царот беше набрзина.«

9Свештеникот одговори: »Ете го мечот на Филистеецот Голијат, кого го уби ти во дабовата долина, завиткан во платно, зад ефодот; ако сакаш, зами го: друг освен него тука нема.« А Давид рече: »Како него нема друг, дај ми го.« И му го даде.

10Давид стана и избега истиот ден од Саула, и дојде при гетскиот цар Анхус.

11Му рекоа на Анхуса слугите негови: »Овој не ли е Давид, царот на онаа земја? Не ли му пееја нему луѓето, велејќи: ‚Саул порази илјади, а Давид – десетици илјади?‘«

12Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се плашеше од Анхуса, царот гетски.

13Тогаш го измени лицето свое пред нив, и се преправи на безумен во очите нивни и удираше по вратите, се фрлаше на рацете свои и пушташе лиги по брадата своја.

14Анхус им рече на робовите свои: »Гледате, овој човек е луд; зошто сте го довеле при мене?

15зар малку луди имам при себе, та сте го довеле да лудува пред мене? Зар тој ќе влезе во куќата моја?«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help