Псалми 113 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Чудесата Божји кога го изведуваше Својот народ од Египет.

1Кога Израилот излезе од Египет, домот Јаковов – од туѓ народ,

2Јудеја стана Божјо светилиште, Израилот област Негова.

3Морето виде и избега; Јордан се врати назад.

4Горите се разиграа како овни, и ритчињата – како јаганца.

5Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?

6Зашто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јаганца?

7Трепери земјата пред лицето на Господа, пред лицето на Бога Јаковов,

8Кој камен претвора во водно езеро и карпа – во воден извор.

9Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина,

10да не речат незнабожците: »Па каде е нивниот Бог?«

11Нашиот Бог е горе на небото; на небесата и на земјата врши сѐ, што сака.

12А идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на човечки раце:

13уста имаат а не зборуваат, очи имаат но не гледаат;

14имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат;

15раце имаат, но не пипаат; нозе имаат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое.

16Слични на нив нека бидат оние што ги прават, такви и оние што се надеваат на нив.

17Доме Израилев, надевај се на Господа; Он е наш помошник и заштитник.

18Доме Аронов, надевај се на Господа; Он е наш помошник и заштитник.

19Оние кои се бојат од Господа, се надеваат на Господа; он е нивни помошник и заштитник.

20Господ се сеќава на нас и нѐ благословил, го благословил домот Израилев, го благословил домот Аронов,

21ги благословил оние, кои се бојат од Господа, мали и големи.

22Нека ви придаде Господ вам повеќе, вам и на вашите деца.

23Благословени да сте од Господа, Кој го создаде небото и земјата.

24Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки.

25Не мртвите ќе Те слават, Господи, ниту оние, што слегуваат во ад,

26туку ние живите ќе го благословуваме Господа отсега и засекогаш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help