Јов 29 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јов го опишува својот некогашен добар живот.

1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:

2»О, да бев, како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме пазеше,

3кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;

4како што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,

5кога Вседржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,

6кога патиштата мои се облеваа со кравјо масло, а горите мои лееја млеко,

7кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, –

8младите, кога ќе ме здогледаа, се оттргнуваа, а старците стануваа и стоеја;

9кнезовите се воздржуваат да говорат и ставаа прст на устата своја;

10гласот на првенците замолкннуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.

11Уво, што ќе ме чуеше, ме ублажуваше; око, што ќе ме видеше, ме восфалуваше,

12зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.

13Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост.

14Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка, како мантија и превез.

15Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;

16за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.

17На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.

18Па си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу – како песокта.‘

19Коренот мој беше покрај вода, росата ноќеваше на гранките мои;

20славата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја.

21Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.

22По моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.

23Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.

24Се случуваше, ќе им се насмевнев, – тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.

25Кога одев кај нив, седев не чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help