1И се населија кнезовите народни во Ерусалим, а другите од народот фрлија жреб, за еден од десетте делови нивни да живее во градот Ерусалим, а деветте – во другите градови.
2И народот ги благослови сите, кои доброволно се согласија да живеат во Ерусалим.
3Еве ги старешините на земјата, што живееја во Ерусалим, – а во градовите на Јудеја сите живееја на својот имот, по градовите свои: Израилците, свештениците, левитите и Нетинејците, и синовите на Соломоновите слуги.
4Во Ерусалим се настанија и некои од синовите Јудини и од синовите Венијаминови; од Јудините синови: Атаија, син на Озија, син Захариев, син Амариев, син Сафатиев, син Малелеилов, од синовите Фаресови,
5и Масија, син на Варуха, син Колхозеев, син Хазаиев, син Адаиев, син Јоариев, син Захариев, син Еилониев.
6Сите Фаресови синови, што живееја во Ерусалим, беа четиристотини и шеесет и осум, храбри луѓе.
7А, еве, ги синовите Венијаминови: Силон, син Месуламов, син Јоадов, син Фадаиев, син Јолиев, син Масиев, син Етилев, син Јесеев,
8и по него Гевеил Силиев – деветстотини и дваесет и осум.
9Јоил, синот Захариев, беше началник над нив, а Јуда, синот Сенуиев, беше втор над градот.
10Од свештениците: Јадија, син Јоариев, Јахин.
11Сареја, син Елхиев, син Месуламов, син Садуков, син Мериотов, син Етодов, началник на Божјиот дом,
12и нивните браќа, кои вршеа служба во Божјиот дом, – осумстотини и дваесет и двајца; и Адаија, син Јероамов, син Фалалиин, син Намасов, син Захариев, син Фасетуров, син Мелхиев,
13и браќата негови, старешини на родовите – двесте четириесет и двајца; и Амесај, син Ездриилов, син Азаев, син Месилимотов, син Емиров,
14и браќате негови, мажи воинствени – сто и дваесет и осум. Началник им беше Завадиил, син на големите.
15А од левитите: Самаија, син Асувов, син Езрикамов, син Асавиин, син Воинин,
16и Саватеј, и Јозавад од левитските началници за надворешни работи на Божјиот дом,
17и Матанија, син на Миха, син Зехриев, син Асафов, водител при славословието, а Јуда на молитвата, и Вокхија, втор по него од браќата негови, и Авдија, син Самеев, син Галелов, син Идитунов.
18Сите левити од светиот град беа двесте и осумдесет и четири.
19А вратари: Акув, Теламин и браќата нивни, стражари при портите – сто и седумдесет и двајца.
20Другите Израилци, свештениците и левитите, живееја по сите градови на Јудеја, секој во својот дел.
21А Нетинејците живееја во Офел: над Нетинејците беа Сијај и Гесф.
22Началник на левитите во Ерусалим беше Озиј, син Ваниин, син Савиев, син Матаниев, син Михаев од синовите Асафови, кои беа певци при службата на Божјиот дом;
23зашто од царот имаше за нив посебна заповед, и беше одредена плата за певците за секој ден одредена.
24И Фетеја, син Масиозавилов, од синовите на Зара, Јудин син, беше заменик на царот за сите работи, што се однесуваа на народот.
25Од оние, пак, што беа по селата, на нивите свои, некои од Јудините синови живееја во Киријат-Арба и во нејзи потчинетите градови, во Диван и во потчинетите му градови, во Јекавсеил и во селата негови,
26во Јесуја, во Молада и во Ветфалад,
27во Асерсал, во Вирсавија и во градовите, нејзе потчинети,
28во Секелаг, во Макне, и во нему потчинетите градови,
29во Ремаон, во Сара и во Јеримут,
30во Заиној, Одолам и селата нивни, во Лахис и полињата негови, во Азик и во потчинетите му градови; тие се беа сместиле од Вирсавија дури до Емоновата долина.
31Синовите Венијаминови – почнувајќи од Гева, во Махмас до Ветил и во сите села негови,
32во Анатот, Нов, Аниија,
33Асор, Рама, Гетаим,
34Адод, Севоим, Навалат,
35Лида, Оно и во долината Сногијарасим.
36Во деловите на Јуда и Венијамина свои населби имаа и левитите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.