Исус Навин 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Победени триесет и еден цар на обете страни од реката Јордан.

1Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израилеви ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од источната страна, од Арнонската долина дури до планината Ермон, и целата рамнина на исток;

2Сион, аморејскиот цар, кој живееше во Есевон и владееше од Ариор, што е кај бреговите на потокот Арнон, кон средината на потокот, и половината Галад, до потокот Јавок, предели на синовите амонитски;

3И Арав дури до Хенеретското Море на исток, и дури до морето Аравско, Соленото Море, на исток по патот за Витсимот, и од Теман кое е под гората Фазга;

4и Ог, васанскиот цар, последниот од исполините кој живееше во Астарот и во Едраин,

5и владееше од планината Ермон и Селха, и со целиот Васан, до Гесурската и Махатската граница, и со половината на Галад, до пределите на есевоскиот цар Сион.

6Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израилеви ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, во наследство на племето Рувимово и Гадово и на полуплемето Манасиево.

7А ова се царевите аморејски, кои ги прази Исус и синовите Израилеви од онаа страна на Јордан на запад, крај морето Валгад во Ливанската долина до планината Алок, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја даде во наследство на племињата Израилеви со жреб;

8по планината, по низините, и во Арав, и во Асидот, и во пустињата, и во Нагев, каде што живеат Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците;

9царот јерихонски и царот на Гај, што е близу до Ветил,

10царот ерусалимски, царот хевронски,

11царот јеримутски, царот лахиски,

12царот еглонски, царот газерски,

13царот давирски, царот гадерски,

14царот ерматски, царот адерски,

15царот левиски, царот одоламски,

16царот макидски, царот ветилски,

17царот апфуски, царот оферски,

18царот афекски, царот хесаромски,

19царот самвронски, царот фувски,

20царот маронски, царот ахсадски,

21царот танахски, царот магдедонски,

22царот кедески, царот јаконски, – Хермел

23царот адорски при Нафедор, царот гоимски во Галгал,

24и царот терски. Вкупно триесет и еден цар.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help