1Голем е Господ и многу фален во градот на нашиот Бог, на Својата света гора.
2Прекрасна возвишеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната страна нејзина е градот на големиот Цар.
3Бог, Кој е во Својот дворец, знаеме дека е заштитник.
4Зашто, ете, се собраа царевите земни и сите дојдоа заедно,
5па, откако видоа, се восхитија, се збунија и се поколебаа:
6страв ги опфати таму, па се мачеа како жена родилка;
7и со силен ветар ги разби тарсиските кораби.
8Како што чувме, така и видовме во градот на Господа на силите, во градот на нашиот Бог: Бог го основа за довека.
9Ја примивме, Боже, милоста Твоја среде храмот Твој.
10Според името Твое, Боже, е и Твојата похвала до краиштата на земјата: Твојата десница е полна со правда.
11Нека се весели гората Сион, и да се радуваат јудејските ќерки заради Твоите судови, Господи.
12Одете околу Сион и обиколете го, прикажувајте во кулите негови.
13Положете ги срцата свои во неговата моќ; разгледајте ги неговите дворци, за да му раскажете на идниот род.
14Зашто овој Бог е наш Бог во сите векови: Он ќе ни биде пастир вечен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
