2 Летописи 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Мудроста и богатството на Соломона.

1Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвеличи високо.

2И му заповеда Соломон на сиот Израил да се соберат: илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Изриал – старешините на домовите татковски.

3Па отидоа Соломон и целото собрание со него на ридот во Гаваон, бидеќи таму беше Божјата скинија на сведоштово, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустињата.

4Давид го беше пренел Божјиот ковчег од Киријат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако направи за него скинија во Ерусалим.

5А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Урија, Одов син, си остануваше таму пред синијата Господова; него го побараа Соломона и собранието.

6И таму пред лицето на Господа, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на сведоштвото, Соломон принесе илјада сепаленици.

7Во таа ноќ му се јави Господ на Соломона и му рече: »Барај, што сакаш да ти дадам.«

8Соломон Му одговори на Бога: »Ти му направи на таткото мој Давида голема милост и ме постави за цар место него.

9Нека се исполни сега, Господи, Боже словото Твое кон татка ми Давида, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав,

10дај ми сега мудрост и разум, за да излегувам и влегувам пред тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?«

11И му рече Бог на Соломона: »Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, ниту пак, побара многу денови, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар, –

12мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, нити ќе има по тебе.«

13Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на сведоштвото, во Ерусалим, и царуваше над Израилот.

14И собра Соломон коњица; имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги насели по колските градови и при царот во Ерусалим.

15И го направи царот во Ерусалим среброто и златото рамноцено со камењата, а кедрите според нивното множество ги направи рамноцени со смоквите во низините.

16Коњи му доведуваа на Соломона од Египет; царски трговци ги купуваа со пари;

17една кола се купуваше и дотеруваше од Египет за шестотини сикли сребро, а еден коњ – за сто и педесет. Така тие им ги доставуваа преку своите раце на сите цареви хетејски и цареви сиријски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help