1Тогаш целиот народ почна да вика и плачеше целата таа ноќ;
2и сите синови Израилеви роптаа против Мојсеја и Арона, и целиот народ им велеше: »О, да бевме умреле во Египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустиња!
3И зошто Господ ни води во таа земја, за да паднеме во борба! Жените наши и децата наши ќе станат плен; не е ли подобро да се вратиме во Египет.«
4Па си велеа едни на други: »Да си избереме старешина, и да се вратиме во Египет.«
5Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум пред целото собрание на Израиловите синови.
6И Исус, синот Навинов, и Халев, Синот Јефониев, меѓу оние, што ја беа разгледале земјата, ги раскинаа облеките свои
7и им рекоа на сите собрани синови Израилеви: »Земјата, што ја изодивме, за да ја разгледаме, е многу, многу добра.
8Ако Господ ни сака, ќе ни воведе во неа и ќе ни ја даде – таа земја, каде што тече мед и млеко;
9но не отстапувајте од Господа и не плашете се од народот на таа земја; зашто Он ќе ни биде потпора наша; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив.«
10И целото собрание рече: »Да ги убиеме со камења!« Но славата Господова се јави во облак над скинијата на сведоштвото пред сите синовите Израилеви.
11И му рече Господ на Мојсеја: »До кога ќе Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци, што ги извршив Јас меѓу него?
12Ќе го поразам со смрт, ќе го истребам, и ќе создадам од тебе и од домот на таткото твој народ многуброен и посилен од овој.«
13Но Мојсеј Му рече на Господа: »Ќе чујат Египтјаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ,
14но чуја за тоа и жителите на оваа земја, дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
15па, ако Ти го истребиш овој народ до еден човек, тогаш сите оние што ја чуја славата Твоја, ќе речат:
16‚Господ не може да го воведе овој народ во земјата, која со клетва му ја вети, па затоа го погуби во пустињата.‘
17И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејќи:
18‚Господ е долготрпелив и многумилостив и вистинит, Кој ги простува беззаконијата и неправдите, и гревовите, и не остава без казна, а за беззаконијата на татковците ги казнува децата дури до третото и четвртото колено.‘
19Прости им го гревот на овие луѓе поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука.«
20И му рече Господ на Мојсеја: »Простувам според зборот твој;
21но жив сум Јас, и секогаш ќе живее името Мое, и целата земја ќе се исполни со славата Господова:
22бидејќи оние луѓе, што ја видоа славата Моја и делата Мои, што ги извршив во Египет и во пустињата, и Ме искушуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој,
23нема да ја видат земјата, која со клетва им ја ветив на татковците нивни; само на децата нивни, кои се тука со Мене, кои не знаат, што е добро, што е лошо, на сите малолетни, кои ништо не разбираат, ним ќе им ја дадам земјата, а сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат;
24но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи.
25Амаликијците и Хананејците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустињата кон Црвено Море!«
26И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
27»До кога овој лош народ ќе негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите Израилеви, што ги упатуваат против Мене.
28Кажи им: жив сум Јас, вели Господ: како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ќе ви направам и Јас вам;
29во оваа пустиња ќе паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре, што роптате против Мене,
30нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јофониевиот син, и Исус, Навиновиот син;
31децата ваши, за кои велевте, дека ќе станат плен, ќе ги воведам таму, и тие ќе ја познаат земјата, која вие ја презревте;
32а вашите трупови ќе паднат во оваа пустиња;
33синовите ваши, пак, ќе скитаат по пустињата четириесет години и ќе страдаат, носејќи го вашиот грев си додека не загинат телата ваши во пустињава;
34според бројот на четириесет дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе стредате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да ја разберете јароста на Мојот гнев.
35Јас, Господ, ви велам, навистина така и ќе постапам со сиов овој народ, востанат против Мене: во оваа пустиња сите ќе се истребат и ќе изумрат.«
36И оние, кои Мојсеј ги испрати да ја разгледаат земјата и, кои по враќањето свое, возроптаа пред сиов овој народ, ширејќи лоши гласови за земјата,
37оние, што ширеа лоши гласови за земјата, умреа, поразени пред Господа;
38само Иисус, синот Навинов, и Халев, синот Јефониев, останаа живи од оние мажи, што беа отишле да ја разгледаат земјата.
39Откога ги кажа Мојсеј тие зборови пред сите синови Израилеви, народот се расплака.
40И кога станаа рано утредента, се искачија на врвот од планината, велејќи: »Ете, ќе отидеме на она место, за кое Господ рече, бидејќи згрешивме.«
41Но Мојсеј рече: »Зошто не ја исполнивте заповедта Господова? Нема да успеете:
42не одете горе, оти Господ не е меѓу вас; и ќе паднете од непријателите ваши,
43бидејќи таму пред нас си Амаликијците и Хананејците, и ќе паднете од нож, зашто не Му се покоривте на Господа, и Господ нема да биде со вас.«
44Но тие решија и се искачија на врвот од планината; а ковчегот на заветот Господов и Мојсеј не се одделија од логорот.
45Амаликијците и Хананејците, што живееја на онаа планина, ги сопреа и ги гонеа дури до Ермон и се вратија во логорот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.