Исаија 22 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ерусалим опколен.

1Пророштво за долината на видението. – Што ти е, та цел си се искачил на покрив?

2Шуми граде, кој се брануваш, граде, што ликуваш! Твоите убиени не се убиени од меч, ниту умреле во борба;

3сите твои водачи бегаа заедно, но беа врзани од стрелците; сите што се најдени кај тебе врзани се заедно, колку и да бегаа далеку.

4Затоа велам: оставете ме, горко ќе плачам; не трудете се да ме утешувате, поради погибелта на ќерката од мојот народ.

5Зашто е ден на вознемиреност, угнетување и збрка во долината на видението од Господа, Бог Саваот. Се соборуваат ѕидови, викањето стигнува до планината.

6И Елам зеде јанџик: луѓе со коли, и јавачи.

7И ете, најдобрите твои долини се полни со коли бојни, јавачите се наредија спроти портите,

8па го симнуваат покривалото од Јудеја; и ти во тој ден ќе погледаш кон избраните домови во градот.

9Гледајте, дека има многу пукнатини во ѕидиштата на Давидовиот град, па собравте вода во долниот рибник;

10и се разрушија куќите ерусалимски, за да се зацврстат ѕидините градски;

11направивте меѓу двата ѕида собиралиште за вода од старото езеро. А на Оној, Кој го направи тоа, не погледнавте, и не Го гледавте Оној, Кој одамна го одреди тоа.

12Господ, Господ Саваот ве викаше на тој ден да плачете и да тагувате, да се истрижете и да се опашете во вреќиште.

13Но, ете, веселба и радост! Убиваат волови и колат овни; јадат месо, пијат вино и велат: »Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!«

14И ми откри во ушите Господ Саваот: »Нема да ви биде простена таа нечесност, додека не умрете,« рече Господ, Господ Саваот.

15Вака рече Господ, Господ Саваот: »Тргни, оди кај оној царедворец, при Севна, началникот на дворецот, и кажи му:

16што имаш и кого имаш тука, па си правиш тука гробница? Тој си прави за себе гробница на височината, си прави живеалиште во карпата.

17Ете, Господ ќе те фрли далеку, како што фрла силен човек и ќе те свитка како клопче,

18откако ќе те свитка во свиок, ќе те фрли во широка земја; таму ќе умреш ти, таму твоите прекрасни коли ќе бидат за подбивање во домот на твојот господар.«

19Ќе те турнат од твоето место и ќе те симнат од твоето достоинство.

20И во тој ден ќе го повикам мојот слуга Елијаким, Хелкиевиот син,

21ќе го облечам со твојата облека и со твојот појас ќе го препашам, та и власта твоја ќе ја предадам во рацете негови; и тој ќе биде отец на жителите ерусалимски и за домот Јудин.

22И клучот на Давидовиот дом ќе го ставам на рамењата негови; тој ќе отвори, и никој нема да затвори; тој ќе затвори и никој нема да отвори.

23И ќе го зацврстувам како клин на цврсто место, тој ќе биде како славно седиште за домот на татка си.

24И на него ќе виси целата слава на татковиот му дом, на децата и внуците, на целата покуќнина до последната свирка.

25Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се заниша зацврстениот на цврсто место клин, ќе биде изваден и ќе падне, ќе се испокрши сѐ, што виси на него, зашто Господ вели.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help