1Тврдоглавиот се управува според своите желби и станува против сѐ што е умно.
2Безумниот не сака знаење; него глупоста го води.
3Со доаѓањето на нечесниот доаѓа и презирот, а со прекорот – доаѓа и срамот
4Зборовите на човечката уста се длабоки води; тоа е река од изворот на животот.
5Не е добдро да бидеше лицемерен кон нечесниот, за да го собориш праведниот во судот.
6Устата на безумниот води кон кавга, а зборовите негови предизвикуваат смрт.
7Јазикот на безумниот е погибел за него, а усните негови се стапица за душата негова.
8Сравот го соборува мрзливиот, а мажите со души слични на жени ќе гладуваат.
9Зборовите на клеветникот се како слатки, и тие вегуваат внатре во утробата.
10Немарниот во работата своја е брат на расипникот.
11Името на Господа е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е.
12Имотот на богат човек е како силен град и во мислите му е како висока ограда.
13Пред паѓање срцето на човекот се возгордува, а смиреноста оди пред славата.
14Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е, тоа е срам за него.
15Духот на човекот го поткрепува во немоќ, а скршен дух – кој може да поткрепи?
16Срцето на разумнитот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара знаење.
17Подарокот, што го дава човекот, му отвора пат и до големците го доведува.
18Првиот по тужбата си е прав, но доаѓа противникот негов и го порекнува.
19Жребот прекинува расправии и решава спор меѓу силните.
20Кога брат, братот свој го помага, тоа е силен град, а тој е како силна тврдина.
21Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува.
22Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ќе вкусат од плодовите негови.
23Кој нашол добра жена, нашол добро и добил благодат од Господа. Кој избркува добра жена, го брка доброто, а кој поддржува прељубница, безумен е и нечесен.
24Сиромавиот говори со молба, а богатиот одговара остро.
25Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
