1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, па го презеде Гет и нему потчинетите градови од рацете на Филистејците.
2Тој ги порази и Моавците, и Моавците станаа робови на Давида и му даваа данок.
3Давид го порази и сувскиот цар Адраазар во Емат, кога тој одеше да ја утврди власта своја при реката Еуфрат.
4И зеде Давид од него илјада коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; и ги уништи Давид сите коли, оставајќи од нив само сто.
5Дамаските Сиријци сакаа да му дојдат на помош на сувскиот цар Адраазара, но Давид порази двесте и две илјади Сиријци.
6Давид постави стража во Сирија Дамаска, и Сиријците му станаа на Давида робови и му плаќаа данок. Така му помагаше Господ на Давида секогаш, каде и да одеше.
7Давид ги одзеде златните штитови, што ги носеа Адраазаровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
8А од Метавет и од избраните Адраазарови градови, Давид однесе мошне многу бакар. Од него Соломон ги направи бакарното море и столбовите, и бакарните садови.
9Кога чу за тоа ематскиот цар Тоа, дека Давид ја поразил целата војска на сувскиот цар Адраазар,
10го испрати синот свој Адурама при царот Давида, да го поздрави и да му благодари, поради тоа што војувал со Адраазара и го поразил – зашто Тоа беше во војна со Адраазара, – и по него испрати секакви садови златни, сребрени и бакарни.
11Царот Давид му ги посвети на Господа, заедно со среброто и златото, што го беше одзел од сите народи: Идумејците, Моавците, Амонитите, Филистејците и Амаликијците.
12И Саруевиот син Авеса во Солената Долина порази осумнаесет илјади Идумејци;
13и постави во Идумеја стража, и сите Идумејци му станаа робови на Давида. Господ му помагаше на Давида секогаш, каде и да одеше.
14И царуваше Давид на сиот Израил и делеше суд и правда на сиот народ свој.
15Јоав, Саруевиот син, беше војвода над војската, а Јосафат, Ахилудовиот син – летописец,
16Садок, синот Ахитов, и Авимелех, синот Авијатаров, беа свештеници, а Суса – писар,
17Ванеја, синот Јодаев, беше над Хетејците и Фелетејците, додека синовите Давидови беа први при царот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
