Галатјаните 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Опомена – во христијанската слобода да стоиме цврсто, и да ја докажеме, одејќи по Духот и во љубов.

1Стојте така во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем!

2Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне.

3А му сведочам пак на секој човек, кој што се обрезува, дека тој е должен да го извршува целиот Закон.

4Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христа, отпаднавте од благодатта;

5а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.

6Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која што дејствува преку љубовта.

7Вие трчавте добро: кој ви попречи, та да не се покорувате на вистината?

8Тоа одвраќање не е од Оној, Кој ве повика.

9Малку квас го потквасува целото тесто.

10Јас се надевам за вас во Господа дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве возмутува – кој и да бил – ќе претрпи осуда.

11А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би се поништила соблазната од крстот.

12О, да беа отсечени оние, што ве бунеа!

13Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

14Оти, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.

15А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.

16Ви велам: живејте по Духот, и желбите на телото ваше нема да ги извршувате.

17Оти, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се еден против друг, за да не го правите она, што сакате.

18Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.

19Делата на телото се познати. Тие се: прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност,

20служење на идоли, магии, непријателство, кавги, ревнувања, гнев, расправии, несогласности, ереси,

21зависти, убиства, пијанство, срамни гостувања и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.

22А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,

23кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.

24Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.

25Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.

26Да не бараме лажна слава, еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help