Псалми 144 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Прославување на небесниот Цар.

1Ќе Те превознесувам, Боже мој, Цару мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови.

2Секој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови.

3Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај.

4Одрод во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува.

5За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат.

6Ќе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ќе прикажуваат и за Твоето величие.

7Ќе ги помнат многуте добрини Твои, и ќе се радуваат на Твојата правда.

8Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.

9Добар е Господ спрема сите, и Неговите штедрости се во сите Негови дела.

10Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои,

11и нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја.

12За да им се кажува на синовите човечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство.

13Твоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите поколенија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела.

14Господ ги придржува сите што паѓаат и ги подига наведнатите.

15Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме;

16Ти ја отвори ракта Твоја и исполнуваш сѐ што е живо со сите негови потреби.

17Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела.

18Близу е Господ до сите, кои Го признаваат, до сите, кои вистински Го призиваат.

19Он им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува.

20Господ ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ќе ги истреби.

21Устата моја ќе искаже похвала на Господа; секое тело нека го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help