4 Царства 11 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Царицата Готолија.

1Готолија, мајката на Охозија, кога виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род.

2Но Јосавета, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Охозиевиот син Јоаса и тајно го зеде од убиваните царски синови, го украде него и доилката негова, и го сокрија од Готолија во спалната, и тој не беше убиен.

3И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Готолија царуваше над земјата.

4На седмата година Јодај испрати и ги повика стотниците од телохранителите и брзоотците, ги доведе при себеси во домот Господов, склучи со нов договор, зеде од нив клетва во домот Господов и им го покажа царскиот син;

5и им даде заповед, велејќи: »Еве што ќе направите: едната третина од вас, што доаѓате во сабота, ќе стоите на стража при царскиот дом;

6другата третина – при Сурските порти; и третата третина – при портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот, за да не стане насилство.

7И два дела од вас, од сите, што одат во сабота, ќе стојат на стража при домот Господов, околу царот;

8и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; кој и да влезе во редовите, да биде убиен; и бидете при царот, кога излегува и кога влегува.«

9Стотниците направија сѐ, што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде луѓето свои, што доаѓаа во сабота и кои одеа во сабота, и дојдоа при свештеникот Јодаја.

10И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давида, што се наоѓаа во домот на Господа.

11И застанаа брзоодците, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот, при жртвеникот и при домот, околу царот.

12Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: »Да живее царот!«

13Го чу Готолија гласот на растрчаниот народ и отиде при народот во домот Господов.

14А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и кнезовите и трубите до царот; сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: »Заговор, заговор!«

15Свештеникот Јодај им заповеда на стотниците, војводите и војската, и им рече: »Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убивајте го со меч!« Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов.

16И направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена.

17И склучи Јодај завет меѓу Господа, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов.

18Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваала, ги срушија жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, и Вааловиот жрец Матана го убија пред жртвениците. А свештеникот установи надзорништво над домот Господов.

19И ги зеде стотниците и телохранителите и брзоодците и сиот народ од земјата, и го придружија царот од домот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол.

20Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Готолија ја убија со меч во царскиот дом.

21Јоас беше на седум години, кога стана цар.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help