1Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста Негова е вечна.
2Нека каже сега домот Израилев дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
3Нека рече сега домот Аронов: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
4Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господа: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
5Кога бев на мака, Го призвав Господа и ме услиши и на ширина ме изведе.
6Господ е мој помошник, нема да се уплашам: што може да направи човек?
7Господ ми е помошник: и јас слободно ќе гледам на непријателите мои.
8Подобро е да се надевам на Господа, отколку да се надевам на човек.
9Подобро е да се надеваме на Господа, отколку да се надеваме на кнезовите.
10Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11ме опседнаа, меобиколија, но со името Господово јас ги победив.
12Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив.
13Ме турнаа силно, за да паднам, но Господ ме прифати.
14Господ е крепост моја и песна; Он стана мое спасение.
15Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господа дава сила!
16Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила.
17Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.
18Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
19Отворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе го прославувам Господа.
20Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа;
21ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.
22Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот.
23тоа е од Господа, и е прекрасно во очите наши.
24Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25О, Господи, спаси! О, Господ, побрзај!
26Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа! Ве благословуваме од домот Господов.
27Бог е Господ и ни се јави; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.
28Бог мој си Ти и Тебе ќе те славам; Бог мојси Ти и Тебе ќе те превознесувам. Ќе те прославувам, зашто Ти ме услиши и стана мое спасение.
29Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста му е вечна.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
