1Во третата година на Осија, синот на Ила, цар израилски, стана цар Језекиј, син на јудејскиот цар Ахаз.
2Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим; мајка му се викаше Авута, ќерка на Захарија.
3Тој го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, во сѐ онака како што правеше неговиот татко Давид;
4тој ги урна идолските светилишта, ги исече дубравите и ја скрши бронзената змија, што Мојсеј ја беше направил; зашто дури до оние дни Израилевите синови ѝ кадеа и ја нарекуваа Неестан.
5На Господа Бога, Бог Израилев, тој се надеваше; и како него немаше меѓу сите јудејски цареви – и по него, и пред него.
6Тој се приврза кон Господа, не отстапувајќи од Него и ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеја.
7И Господ беше со него: насекаде, каде и да одеше, тој постапуваше благоразумно. И се одметна тој од асирскиот цар и престана да му служи.
8Тој ги порази Филистејците до Газа и до нејзините предели: од стражарската кула до утврдениот град.
9Во четвртата година на царот Језекиј, односно во седмата година на Осија, синот на Ила, цар израилски, асирскиот цар Саламанасар тргна против Самарија, ја опседна.
10и по три години ја презеде, – во шестата година на Језекија, односно во десеттата година на израилскиот цар Осија Самарија беше преземена.
11И асирскиот цар ги пресели Израилците во Асирија, и ги насели во Алај и во Авор, при реката Гозан, и во пределите мидијски,
12зашто тие не го послушаа гласот на Господа, својот Бог, и го прекршија заветот Негов: сѐ, што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов, тие ниту го слушаа, ниту го исполнуваа.
13Во четиринаесеттата година на царот Језекиј асирскиот цар Сенахирим тргна против сите утврдени градови на Јуда и ги презеде.
14Тогаш јудејскиот цар Језекиј испрати до асирскиот цар во Лахис да кажат: »Виновен сум; оди си од мене; сѐ што ќе ми наложиш, ќе поднесам.« И асирскиот цар му наложи на јудејскиот цар Језекиј триста таланти сребро и триста таланти злато.
15И Језекиј го даде сето сребро, што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом.
16Тогаш Језекиј го симна златото од вратата на домот Господов и од вратните столбови, кои тој, јудејскиот цар Језекиј, ги беше позлатил, и му ги даде на асирскиот цар.
17И асирскиот цар го испрати Тартана, Рапсариса и Рапсака од Лахис при царот Језекија во Ерусалим со голема војска. И тргнаа и стигнаа до Ерусалим; тргнаа, стигнаа и запреа при водоводот на горното езеро, кое е на патот кон нивата на валавичарот.
18И го повика царот. И излезе пред нив Халикиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и писарот Сомнас, и Асафовиот син Јоас летописец.
19И им рече Рапсак: »Кажете му на Језекија: вака вели големиот цар, асирскиот цар: ‚каква е тоа надеж, на која се надевате?‘
20Ти зборуваш само празни зборови: за војна се потребни ум и сила. А сега на кого се надеваш, та се одметна од мене?
21Ете, ти мислиш да се потпреш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потпре на неа, ќе му влезе во раката и ќе му ја продупчи. Таков е Фараонот, египетскиот цар, за сите, што се надеваат на него.
22Ако, пак, ми кажете: ‚на Господа, нашиот Бог, се надеваме,‘ тогаш на оној ли, чии светилишта и жртвеници Језекиј ги урна, велејќи му на Јуда и на Ерусалим: само пред тој жртвеник поклонувајте се во Ерусалим?
23И така, склучи сојуз со мојот господар, асирскиот цар; ќе ти дадам две илјади коњи; можеш ли да најдеш за нив коњаници?
24Како ќе одбиеш ти еден водач од најмалите слуги на господарот мој? А се потпираш врз Египет заради коли и коњаници?
25Притоа, зар јас без волјата Господова сум тргнал против ова место, за да го сотрам? Господ ми рече: ‚оди против таа земја и сотри ја.‘«
26Тогаш му рече Хеликиевиот син Еликијам, и Сомнас, и Јоас на Рапсака: »Говори им на слугите свои по арамејски, зашто разбираме, а немој да ни говориш по јудејски да слуша народот, што е на ѕидот.«
27А Рапсак им рече: »Зар само до твојот господар и до тебе ме испрати господарот мој да ги кажам тие зборови? Не, а и на луѓето што седат на ѕидот, за да го јадат изметот свој и да ја пијат мочта своја заедно со вас.«
28И стана Рапсак, извика со силен глас по јудејски и зборуваше, велејќи: »Чујте ги зборовите на големиот цар, на асирскиот цар!
29Вака вели царот: ‚нека не ве мами Језекиј, зашто тој не може да ве спаси од мојата рака;
30и нека не ве обнадежува Језекиј со Господа, велејќи: »Господ ќе нѐ спаси, и нема да биде предаден овој гред во раката на асирскиот цар!«‘
31Не го слушајте Језекија, зашто вака вели асирскиот цар: ‚Примирете се со мене и дојдете при мене, и секој нека ги јаде плодовите на лозјето свое и на смоквата своја, и секој нека пие вода од својот кладенец,
32додека да дојдам и да ве одведам во исто таква земја, како вашата земја, во земја со леб и вино, во земја со плодови и лозја, во земја со маслинови дрвја и мед, и ќе живеете, и нема да умрете. Затоа не слушајте го Језекија, кој ве мами и вели: – »Господ ќе ни спаси.«
33Ги спасија ли боговите народите, секој земјата своја, од раката на асирскиот цар?
34Каде се боговите на Емат и Арфад? Каде се боговите на Сепфаруим, Ана и Ава? Ја спасија ли тие Самарија од раката моја?
35Кој од сите богови на тие земји ја избави земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ќе го спаси Ерусалим од раката моја?‘«
36Народот молчеше и не му одговараше ни збор, зашто царот беше заповедал: »Не му одговарајте!«
37И дојде Хеликиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и Сомнас, писарот, и Асафовиот син Јоас, летописецот при Језекија со раскината облека и му ги пренесоа Рапсаковите зборови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.