1Па, зар во Бога не се успокојува душата моја? Та од Него е моето спасение.
2Зашто Он е Бог мој, и мој Спасител. Застапник мој: нема повеќе да се поколебам.
3До кога ќе притискаат врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда.
4намисливте да го отфрлите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете.
5А ти, душо моја, само по Бога оди, зашто на Него трпеливо се надевам.
6Он е Бог мој и Спасител мој: застапник мој и нема веќе да се колебам.
7Во Бога е моето спасение и мојата слава; Он е Бог Кој ми помага и надежта моја е во Бога.
8Надевајте се на Него сите луѓе, отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашиот помошник.
9Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лажливци; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив.
10Не се надевајте на неправда и не посакувајте отимање; кога богатството расте, не го приврзувајте срцето кон него.
11Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа, дека силата е во Бога,
12дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти ќе му дадеш на секого според делата негови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
