Јеремија 44 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

На Јудејците во Египет им се заканува опасност поради идолопоклонство.

1Дојде словото Господово до Јеремија за сите Јудејци, кои живеат во Египетската земја, населени во Магдол, Тафнис, Ноф и во земјата Патрос –

2вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: вие ја видовте сета беда, што ја испратив врз Ерусалим и врз сите градови јудејски; ете, тие се сега запустени и никој не живее во нив,

3поради нивната злоба, што згрешија, откако Ме разгневуваа, одејќи да кадат и да служат на други богови, што не ги познаваа ни тие, ни вие, ниту татковците ваши.

4И ги праќав при вас сите слуги Мои – пророците, ги праќав од рано утро, за да ви кажат: »Не правете го тоа гнасно дело, што Ми е одвратно.«

5Но тие не го приклонија увото и не слушаа, за да се одвратат од своето зло, да не кадат на други богови.

6И Мојата јарост и Мојот гнев се излеа и се разгори врз градовите на Јудеја и по ерусалимските улици; тие станаа урнатини и пустелија, како што гледате сега.

7А сега, вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев: зошто го вршите тоа големо зло на душите свои, истребувајќи ги помеѓу себе мажите и жените, возрасните, децата и младинците во Јудеја, за да не оставите остаток, па,

8бидејќи Ме разгневувате со делата на рацете свои, со кадењето пред други богови во земјата Египетска, каде што дојдовте да живеете, та да се погубите самите себе и да станете за проклетство и укор кај сите народи по земјата?

9Зар го заборавивте нечестието на вашите татковци и нечестието на јудејските цареви, вашето сопствено нечестие и нечестието на вашите жени, што го вршеа во земјата Јудејска и по ерусалимските улици?

10Но, тие не се смирија ни до денес, не се бојат и не одат по Мојот закон и по Моите наредби, што ви ги дадова вам и на татковците ваши.

11Затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: »еве, ќе го свртам против вас лицето Свое за погибел, и за да ја истребам цела Јудеја,

12и ќе го земам остатокот Јудин што реши да замине во земјата Египетска и да живее таму, и ќе бидат истребени сите; ќе паднат во земјата Египетска и со меч и со глад ќе бидат истребени; мало и големо ќе умрат од меч и од глад, и ќе бидат изложени на проклетство и ужас, за поруга и укор.

13Ќе ги посетам оние, што живеат во земјата Египетска, како што ги посетив Ерусалим, со меч, со глад и со помор,

14и никој нема да избега и нема да се спаси од остатокот на Јудејците, кои дојдоа во земјата Египетска, за да живеат таму и потоа да се вратат во земјата Јудејска, каде што од сѐ срце сакаа да се вратат, за да живеат таму; никој нема да се врати освен оние, што ќе побегнат оттаму.«

15И сите мажи, кои знаеја дека жените нивни им кадат на други богови, и сите жени, што стоеја таму во големо множество, и сиот народ кој живееше во земјата Египетска, во Патрос, му одговорија на Јеремија и му рекоа:

16»Зборот, што ни го кажа во името Господово, ние не го слушаме;

17туку ќе правиме сѐ што е излезено од устите наши: ќе ѝ кадиме на богињата на небото и ќе ѝ правиме преливи, како што го правевме тоа, ние и татковците наши, царевите наши и кнезовите наши, по градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски, бидејќи тогаш бевме сите во добра состојба и беди не видовме;

18и, откако прекративме да ѝ кадиме на богињата на небото и да ѝ правиме преливи, трпиме секакви скудности и загинуваме од меч и од глад.

19И кога ѝ кадиме на богињата на небото и ѝ принесуваме преливи, зар без знаење на нашите мажи ѝ правевме лепчиња со нејзиниот лик или принесувавме преливи?«

20Тогаш Јеремија му рече на сиот народ, на мажите и жените, и на сиот народ што така му одговараше:

21»Зар Господ не си спомна за кадењето, што го извршувавте во јудејските градови, по улиците ерусалимски, вие и татковците ваши, царевите ваши, кнезовите ваши и народот од земјата, и зар не влезе тоа во срцето Негово?

22Господ не може веќе да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ваша стана пустиња, ужас и проклестство, без жители, како што гледате сега.

23Затоа што кадевте и Му грешевте на Господа, не го слушавте гласот на Господа и не одевте според законот Негов, по наредбите Негови и по заповедите Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега.«

24Тогаш Јеремија му рече на сиот народ и на сите жени: »Чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што сте во земјата Египетска;

25вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: сѐ што зборувавте со устата, тоа и со раце го правевте вие и жените ваши; вие велите: ‚да ги исполнуваме нашите завети, што ги ветивме, да ѝ кадиме на богињата на небото и да ѝ принесуваме преливи.‘ Навистина, вашите завети, ги одржавте и ги извршивте точно вашите ветувања.

26Затоа сега чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што живеете во земјата Египетска: еве, Јас се заколнав во Своето велико име, вели Господ, дека во сета Египетска земја нема повеќе да се изговара името Мое од устата на кој и да било Јудеец, за да рече: ‚жив да е Господ Бог!‘

27Еве, Јас ќе бдеам над вас за погибел, а не за добро, и сите Јудејци во земјата Египетска ќе загинат од меч и од глад, сѐ додека не бидат наполно истребени.

28Само малкумина оттргнати од мечот ќе се вратат од земјата Египетска во Јудејската, а сите други Јудејци, што отидоа во земјата Египетска, за да поживеат таму, ќе узнаат дека зборот ќе се изврши: Мојот или нивниот.

29И, еве ви знак, вели Господ, дека ќе ве посетам на тоа место, за да знаете, дека ќе се исполнат зборовите Мои за вас, за ваша погибел.

30Така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам египетскиот цар, фараонот Вафрија, во рацете на непријателите негови и во рацете на оние, што ја бараат душата негова, онака како што го предадов јудејскиот цар Седекија во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, непријателот негов, кој ја бараше душата негова.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help