Исус Навин 18 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Скинијата на сведоштвото во Силом.

1И целото општество на Израилевите синови се собраа во Силом, ја поставија таму скинијата на сведоштвото, бидејќи земјата беше покорена од нив.

2А од синовите Израилеви останаа уште седум племиња, кои не беа добиле свое наследство.

3И им рече Исус на синовите Израилеви: »До кога ќе се колебате, и не отидете да ја земете земјата, што ви ја дава Господ, Бог на татковците ваши?

4Изберете си меѓу себе по три човека од секое племе и јас ќе ги пратам, и тие ќе станат, ќе ја обиколат земјата и ќе ја опишат, според тоа како ќе треба да им се раздели на делови, и ќе дојдат кај мене.

5И нека ја разделат на седум делови: Јуда нека го задржи пределот свој од Лив, а синовите Јосифови да останат во пределите свои на север.

6А вие разделете ја земјата на седум делови и донесете ми го предлогот овде; Јас ќе ви фрлам жреб пред Господа, нашиот Бог.

7А за левитите нема дел меѓу вас, бидејќи свештенството Господово е нивни дел; Гад, пак, и Рувим и полуплемето Манасиево добија наследство од онаа страна на Јордан, на исток, што им го даде Мојсеј, слугата Господов.«

8Тие луѓе станаа и отидоа. А на луѓето, кои отидоа за да ја опишат земјата, Исус им даде заповед: »Одете, обиколете ја земјата, обележете ја и вратете се кај мене; јас, пак, овде ќе ви фрлам жреб пред Господа, во Силом.«

9Тие луѓе отидоа, ја обиколија земјата, ја разгледаа и ја обележија, според градовите нејзини, на седум делови, па дојдоа кај Исуса во логорот, во Силом.

10Исус им фрли жреб во Силом пред Господа, и ја раздели таму Исус земјата меѓу синовите Израилеви, според тоа како што се делеја.

11И се фрли жреб прво за племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни. Според жребот границата им минува меѓу синовите Јудини и меѓу синовите Јосифови;

12границата нивна на север почнува од Јордан, мунува зад Јерихон од север, се искачува по планината кон морето и завршува кај Мавдарит Вет-Авен;

13оттаму границата оди кон Луз, на југ од Луз, инаку Ветил, и границата слегува кон Атарот-Адар, кон гората, што е на југ од долни Веторон;

14потоа границата свртува и се спушта кон морската страна од Лив, од гората, што е на југ пред Веторон и завршува кај Киријат-Вал, инаку Киријат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна.

15А делот, што оди од Киријат-Вал кон Лив, излегува кај морето, во Гај, и стигнува до водните извори на Нафтоновите;

16потоа границата слегува кон крајот на гората што е пред долината на Еномовиот син, а во долината, која е дел од Емек Рафајски, слегува кон Ген, оди на Јевус до југ и излегува кај изворот Рогил;

17потоа свртува од север, минува кон изворот Самес, оди кон Галилот, кој е спроти ридот Адумим, и слегува кон каменот на Рувимовиот син Ван;

18потоа минува позади Ветерава од север и слегува кон Арава;

19оттука границата се спушта од Арава и минува зад Ветагла на север и завршува кај ридот на Соленото Море, во јужниот крај на Јордан. Тоа е јужната граница. Од исток, пак, за граница служи Јордан.

20Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со околните граници негови според родовите нивни.

21На племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни, им припаднаа овие градови: Јерихон, Витагла, Амеккасис,

22Ветерава, Семрим и Ветил,

23Авим, Афара, Афра и Екарен,

24Кафирамин, Афни и Гавла: дванесет градови со селата нивни;

25Гаваон, Рама и Вирот,

26Масфа, Хефира и Амоса,

27Рекем, Јефаил и Тарала,

28Силалер и Јевус, инаку Ерусалим, и Гават и градот Јарим: четиринаесет градови со селата нивни. Тоа е делот на Венијаминовите синови, според родовите нивни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help