Псалми 148 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Сион нека Го фали Господа.

1Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините.

2Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови.

3Фалете Го, сонце и месечино, фалете Го сите ѕвезди и светила.

4Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата.

5Нека го фалат името на Господа, зашто Он ече и тие се јавија, заповеда – и се создадоа;

6ги постави за секогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат.

7Фалете Го Господа од земјата, вие, сите али и бездни;

8огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш словото Негово;

9гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри,

10ѕверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати,

11цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии,

12момчиња и девојки, старци со децата –

13сите нека го фалат името на Господа; зашто е само Неговото име возвишено; Него Го фалат на небото и на земјата.

14Он ќе ја подигне силата на Својот народ; Он ги прославува сите Свои светии, синовите Израилеви, на народот, кој Му е близок.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help