Мудрост Сирахова 36 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Молитва за спасение и обнова на Израел.

1Смилувај се, Господи, Боже на сите, и милостиво погледај на нас,

2а сите народи испрати им го стравот Твој.

3Подигни ја Твојата силна рака против туѓите народи, за да ја познаат твојата моќ.

4Како што ја покажа пред нив светоста Своја во нас, така и сега покажи го пред нас Своето величие во нив,

5па нека познаат, како што познаваме ние, дека нема друг Бог освен Тебе, Господи;

6обнови ги знаменијата, повтори ги чудата;

7прослави ја раката Твоја и десницата Твоја, лутината издигни ја и излиј го гневот Твој,

8собори го противникот и уништи го непријателот.

9Побрзај го времето и за клетвата спомни си, нека се слават Твоите големи дела.

10Со жесток оган нека бидат изгорени оние коишто преживеале, мачителите на народот Твој во пропаст нека појдат.

11Скрши им ги главите на туѓинските главатари, коишто велат: »Никој нема освен нас!«

12Собери ги сите племиња Јаковови и направи ги наследство Твое, како што било некогаш.

13Смилувај се, Господи, на народот именуван според името Твое, и Израел, кој првенец го нарече.

14Умилостиви се над градот на Твојата светиња, над Ерусалим – место на спокојот твој.

15Исполни го Цион со похвали на Твоето ветување, а со славата Твоја – народот Твој.

16Сведоштво дај им на оние, коишто од почетокот беа наследство Твое и исполни ги пророштвата, објавени во Твое име.

17Награди ги оние што се надеваат на Тебе и нека поверуваат во Твоите пророци.

18Господи, послушај ја молитвата на твоите слуги спрема благословот на Арон, за народот Твој.

19Та сите што живеат на земјата да познаат дека си Ти Господ, вечниот Бог.

20Стомакот прима секаква хрна, но едно јадење повкусно е од друго.

21Непцето распознава јадења од дивеч; а разумното срце – зборови лажливи.

22Лукаво срце болки задава, но искусниот знае да му врати.

23Жена прима секаков маж, но има девојка подобра од друга.

24Убавината на жената го весели лицето на човекот; и тоа најмногу го сака мажот.

25Ако јазикот незин има нежност и кротост, мажот ѝ не е како другите луѓе.

26Кој се здобил со жена, тој почнува да создва имот: таа му е помошник и потпорен столб во спокојството.

27Каде нема ограда – се разграбува имотот; кој жена нема – талка и воздивнува,

28кој ќе му верува на вешт разбојник што талка од град во град?

29Така е и со човекот кој постојано живеалиште нема, а ноќева таму каде што се најде.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help