Јеремија 28 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Лажниот пророк Ананија.

1Во истата година, во почетокот на царувањето на јудејскиот цар Седекиј, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија, синот Азуров, пророк од Гаваон, зборуваше во домот Господен пред свештениците и сиот народ, велејќи:

2– вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар;

3по две години ќе ги вратам во ова место сите садови од домот Господен, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги зеде одовде и ги однесе во Вавилон.

4и јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, и сите заробени Јудејци, што отидоа во Вавилон, ќе ги вратам на ова место, вели Господ; бидејќи ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.

5И му рече пророкот Јеремија на пророкот Ананија пред сите свештеници и пред сиот народ, што стоеше во домот Господен,

6па кажа пророкот Јеремија: нека биде така, нека го изврши тоа Господ, нека ги исполни Господ зборовите твои што ги изрече за враќањето од Вавилон, на садовите од домот Господен на ова место, и за сите заробени!

7Само чуј го зборот што ќе ти го кажам, чуј го ти, а нека го чуе и сиот народ;

8пророрците, што беа пред мене и пред тебе, им претскажуваа на многу земји и на големи царства – војна, беда и помор.

9Ако некој пророк претскажал мир, само тогаш тој бил признаван за пророк, навистина испратен од Господа, кога ќе се исполни зборот на тој пророк.

10Тогаш пророкот Ананија го зеде јаремот од вратот на пророкот Јеремија и го скрши.

11И рече Ананија пред сиот народ: »вака вели Господ – ете, така ќе го строшам јаремот на вавилонскиор цар Навуходоносора по две години, откако ќе го извадам од вратот на сите народ. Тогаш си отиде Јеремија по својот пат.

12И би слово Господово до Јеремија, откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Јеремија:

13оди и кажи му на Ананија – вака вели Господ: ти го скрши дрвениот јарем, но место него направи железен.

14Зашто така вели Господ Саваот, Бог Израилев: железен јарем ќе им ставам на вратот на сите овие народи за да му работат на вавилонскиот цар Навуходоносора, и тие ќе му служат; дури и ѕверовите полски нему му ги предадов.«

15Па му рече пророкот Јеремија на пророкот Ананија: слушај, Ананија, Господ не те пратил, и ти лажна надеж му даваш на овој народ.

16Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ќе те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ќе умреш, бидејќи зборуваш против Господа.

17И умре пророкот Ананија во таа година во седмиот месец.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help