1Манасија беше на дванаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и пет години.
2Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите Господови, подражувајќи ги гадотиите на народите, кои Господ ги беше прогонил од лицето на синовите Израилеви.
3Изгради пак идолски светилишта, што ги беше урнал таткото негов Езекија, им издигна жртвеници на Вааловци, подигна млади шуми и се клањаше на целото небеско воинство и му служеше;
4изгради жртвеници и во Господовиот дом, за кој Господ беше рекол: »во Ерусалим ќе пребива името Мое вечно.«
5изгради и жртвеници на целото небеско воинство во двата трема на Господовиот дом.
6Тој ги преведуваше преку оган синовите свои во долината на Еномовиот син, гаташе, вражаше и маѓепсуваше; и повика извикувачи на мртви и волшебници: тој вршеше многу лоши работи пред очите на Господа, за да Го разгневи.
7Направи уште и извајан идол и го постави во Господовиот дом, за кој што Бог му беше рекол на Давида и на синот негов Соломона: »во тој дом и во Ерусалим, што го избрав меѓу сите колена Израилеви, ќе го положам името Свое засекогаш;
8и нема да оставам во иднина да излезе ногата Израилева од таа земја, што ја утврдив за татковците нивни, само ако тие се потрудат да го вршат сѐ она, што сум им го заповедал во целиот закон и наредбите и заповедите, дадени преку раката Мојсеева.«
9Но Манасија ја доведе Јудеја и ерусалимските жители до таму, што постапуваа полошо и од оние народи, што Господ ги истреби од пред лицето на Израилевите синови.
10Господ му говореше на Манасија и на луѓето негови, но тие не послушаа.
11Затоа Господ ги испрати против нив военоначалниците на асирскиот цар, кои го оковаа Манасија во окови, го врзаа со вериги и го одведоа во Вавилон.
12И во таа тешка неволја тој почна да Го моли Господа, својот Бог, и длабоко се смири пред Бога на татковците свои.
13Му се помоли Нему, и Бог се приклони кон него, ја чу молбата негова и го врати во Ерусалим во царството негово. И разбра Манасија дека Господ е Бог.
14Потоа тој изгради надворешен ѕид на Давидовиот град, западно од Геон, по долот и до влезот на Рибните порти, и околу Офел и го издигна високо. Потоа постави војводи по сите утврдени градови во Јудеја,
15ги премавна туѓите богови, идолот од Господовиот дом и сите идолски светилишта, што ги беше изградил во гората на Господовиот дом и во Ерусалим, ги исфрли надвор од градот.
16Го обнови жртвеникот Господов и принесе на него жртви, мирни и благодарствени, и им порача на Јудејците да Му служат на Господа, Бога Израилев.
17Но народот уште принесуваше жртви по идолските светилишта, но и на Господа, Својот Бог.
18Другите дела Манасиеви, молитвата негова кон својот Бог и зборовите на јасновидците, кои му говореа од името на Господа, Бога Израилев, се наоѓаат во книгата за царевите Израилеви.
19И молитвата негова, и тоа, што Господ се приклони кон него, и сите негови гревови и беззаконија, и местата, по кои беше издигнал жртвеници и поставил ликови на Астарта и идоли, пред да се смири, – опишани се во записите пророчки.
20И почина Манасија при татковците свои, и го погребаа во домот негов. А место него стана цар синот негов Амон.
21Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години.
22И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите Господови така, како што го вршеше тоа татко му Манасија: на сите идоли, што ги беше направил татко му Манасија, Амон им принесуваше жртва и им служеше.
23И не се смири прд Господа, како што се понизи таткото негов Манасија; напротив, Амон ги умножи гревовите свои.
24Слугите негови се побунија против него и го убија во домот негов.
25Но народот во земјата ги изби сите оние, што беа во бунтот против царот Амона, и место него народот на таа земја го избра за цар синот негов Јосија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.