1Во она време, кога Израил немаше цар, живееше еден левит, кој како придојден живееше во гората Ефремова. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски.
2Но наложницата негова се скара со него и си отиде во татковиот си дом, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци.
3Мажот ѝ стана и отиде при неа, за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две ослиња. Таа го воведе во татковиот дом.
4Тестот негов, татко на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дни: јадеа, пиеја и ноќеваа таму.
5На четвртиот ден станаа рано, стана и тој, за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: »Поткрепи го срцето свое со залак леб, и потоа ќе тргнете.«
6Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: »Остани уште една ноќ, и нека се повесели срцето твое!«
7Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак ноќеваше таму.
8На петтиот ден изутрината тој стана, за да си оди. А таткото на младата жена рече: »Поткрепи си го срцето свое со леб, и почекајте, додека да измине денот.« И јадеа двајцата и пиеја.
9И стана човекот да си оди, тој, наложницата негова и слугата негов. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: »Еве, почна да се стемнува, ноќевајте, ве молам, денот е на свршување, ноќевај тука, нека се повесели срцето твое; утре рано ќе тргнете на пат, и ќе си одиш во домот свој!«
10Но мажот не се согласи да ноќева, стана и тргна; и наближи до Евус, кој е сега Ерусалим; со него двете натоверени ослиња и наложницата со него.
11Кога беа близу до Евус, денот веќе беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: »Да навратиме во овој евусејски град и да ноќеваме во него.«
12Господарот му одговори: »Не, нема да одиме во град на други племиња, кое не се од синовите Израилеви, а ќе појдеме во Гаваон.«
13И му рече на слугата свој: »Оди да стигнеме до едно од Гаваонските места и ќе ноќеваме во Гаваон или во Рама.«
14Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гаваон Венијаминов.
15И тие навратија таму, за да одат да ноќеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да ноќеваат.
16И ете, еден старец се враќаше вечерта од полска работа; тој беше родум од Ефремовата гора и живееше како придојден во Гаваон. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминоти синови.
17Кога ги грена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: »Каде одиш и од каде доаѓаш?«
18Тој му одговори: »Од Витлеем Јудејски одиме за Ефремовата гора, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот Господов; и никој не ме поканува во домот свој;
19си имаме и слама и храна за ослите свои; исто така и леб и вино за мене и за твојата робинка и за овој слуга има кај твоите слуги, од ништо немаме потреба.«
20Старецот му рече: »Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ќе се погрижам, само на улица не ноќевај.«
21И го одведе во домот свој и им даде храна на ослите негови, а самите тие се измија нозете свои, јадеа и пиеја.
22Откако го развеселија срцето свое, ете, градските жители, развратници, ја опколија куќата, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куќата: »Изведи го човекот, кој влезе во куќата твоја, за да го запознаеме.«
23Стопанот на куќата излезе пред нив и им рече: »Не, браќа мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куќата моја, не правете го тоа безумие;
24еве, јас имам ќерка мома, а тој има наложница ќе ги изведам осраметете ги и правете со нив, сѐ што ви е угодно; а со тој човек не правете го тоа безумие.«
25Но тие на сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде наложницата своја и ја изведе при нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела ноќ до утрината. И ја пуштија во зората.
26И во зората дојде жената, падна пред куќната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување.
27Господарот нејзин стана утрината, ја отвори куќната врата и излезе, за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред куќната врата, со рацете на прагот.
28Тој ѝ рече: »Стани, ќе одиме!« Но одговор немаше зашто таа беше умрела. Тој ја стави на ослето, стана и замина за местото свое.
29Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати наложницата своја, ја пресече по деловите на телото нејзино на дванаесет делови и испрати по сите предели Израилеви.
30Секој, што го виде тоа, велеше: »Не станало и не се видело такво нешто од денот, кога Израилевите синови излегоа од Египетската земја до денес.« И им рече на луѓето што ги испрати: »Така зборувајте по сиот Израил: станало ли такво нешто? Размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.