1 Ездра 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Царот Кир им дозволува на Јудејците да се вратат од ропството поради сидање храм.

1Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни словото Господово од устата на Јеремија, го возбуди Господ духот на Кира, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено:

2вака вели Кир, царот персиски: »Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја.

3Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, – Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господа, Бога Израилев, на оној Бог, Кој е во Ерусалим.

4А сите, што останале во другите места, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тоа место со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и доброволни прилози за Божјиот дом, кој е во Ерусалим.«

5Тогаш станаа кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештениците и левитите, секој, чиј дух го возбуди Господ, да одат да го градат Господовиот дом, кој е во Ерусалим.

6И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај доброволните прилози за храмот.

7А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом, што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог, –

8ги изнесе Кир, царот персиски, со раката на Митридат, ризничар, а тој ги предаде под број на Сасавасар, кнез Јудин.

9И еве го бројот нивни: златни чинии – триесет, сребрени чинии – илјада, ножеви – дваесет и девет.

10златни чаши – триесет, сребрени чаши, двојни – четирисротини и десет, други садови – илјада;

11вкупно садови, златни и сребрени, – пет илјади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себе си Сасавасар, кога преселниците тргнаа од Вавилон за Ерусалим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help