1Во годината, кога Тартан дојде во Азот, бидејќи беше пратен од асирскиот цар Саргон и војуваше против Азот и го презеде, –
2во исто тоа време Господ Му кажа на Исаија, Амасовиот син, вака: »Оди и симни го вреќиштето од бедрата свои и собуј ги обувките од нозете свои.« Така и направи: одеше гол и бос.
3Тогаш рече Господ: »Како што слугата Мој Исаија оди гол и бос три години, како знак и означување кон Египет и Етиопија, –
4така асирскиот цар ќе поведе заробеници од Етиопија, млади и стари, голи и боси и со разголени бедра, за срам на Египет.
5Тогаш ќе се вџашат и засрамат поради Етиопија, нивната надеж, и поради Египет, со кој се фалеа.
6И во тој ден жителите ќе речат за онаа земја: ‚Ете какви биле оние, на кои се надевавме и при кој прибегнавме за помош, за да се спасиме од асирскиот цар! И како сакавме да се спасиме?‘«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
