1. Солунјаните 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ќе дојде денот Господов и за него треба секогаш да бидеме приготвени. Опомени и поздрави.

1А за времињата и годините, браќа, нема потреба да ви се пишува,

2бидејќи вие самите многу добро знаете дека денот Господов ќе дојде така, како крадец во ноќно време.

3Оти, кога ќе речат: »Мир и безопасност!«, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел, како што ја напаѓаат родилни маки секоја непразна жена, и нема да избегнат.

4Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец.

5Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот: ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.

6И така, да не спиеме, како и другите, туку да бидеме будни и трезвени.

7Зашто оние, што спијат, ноќе спијат, и кои што се опиваат, ноќе се опиваат.

8Ние, пак, бидејќи синови на денот, да бидеме трезвени и »облечени во оклоп« на верата и љубовта и »шлем« на надежта за спасение,

9зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,

10Кој умре за нас, та ние, будни ли сме, или спиеме, да живееме заедно со Него.

11Поради тоа советувајте се помеѓу себе и поправајте го својот ближен, како што и правите!

12И ве молам, браќа, да ги уважувате оние, што се трудат меѓу вас, што се ваши претстојници во Господа, и оние кои ве учат.

13И кон нив да имате преголема љубов заради нивното дело. Живејте во мир помеѓу себе!

14Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.

15Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!

16Радувајте се секогаш!

17Молете се постојано!

18Благодарете за сѐ, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!

19Не гаснете го Духот! Пророштвата не ги унижувајте!

20Сѐ испитувајте, за доброто држете се!

21Клонете се од секакво зло!

22А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ,

23и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!

24Верен е Оној, Кој ве повикува, Кој и ќе го направи тоа.

25Браќа, молете се за нас!

26Поздравете ги сите браќа со свет целив!

27Ве заколнувам во Господа ова послание да го прочитате на сите свети браќа.

28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help