1Ја, самиот Павле, смирен кога сум лично меѓу вас, а слободен, кога сум далеку од вас, ве убедувам со Христовата кротост и благост.
2Ве молам, кога ќе бидам при вас, да бидете такви што да нема потреба да бидам така смел, каков што мислам да бидам спрема некои, кои за нас мислат оти постапуваме по телото.
3Зашто, иако во тело одиме, телесно не се бориме.
4Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно да разрушува тврдини; со него ние уништуваме мудрувања,
5и секое превознесување, што се крева против познавањето на Бога, и поробување секој разум, за да Му биде покорен на Христа;
6и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се изврши вашата послушност.
7На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека суди, пак, од себе, оти, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.
8Бидејќи, ако и нешто повеќе да се пофалам со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето издигање, а не назадување, нема да се посрамам.
9Но, никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,
10бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при личното присуство меѓу нас слаб; проповедта негова ништо не вреди.
11Таквиот нека знае дека какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело, кога присуствуваме.
12Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние, што сами се препорачуваат: тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.
13Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да достигнеме дури и до вас.
14Оти ние не како нестигнати до вас се напрегаме, бидејќи достигнавме и до вас со Благовестието Христово;
15не фалејќи се преку мерка со туѓите напори, се надеваме дека премногу ќе се возвеличиме меѓу вас според делата наши, кога ќе порасте верата ваша,
16така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓ дел.
17Кој се фали, со Господа да се фали!
18Зашто, не оној, што се фали сам, е достоен, туку оној, кого што Господ го фали.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
