1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2»Кажи им на синовите Израилеви и речи им – ако некој се заветува да ја посвети душата своја на Господа со цена,
3цената за маж од дваесет до шеесет години да биде шеесет сребрени дидрахми, според свештената мерка.
4Ако е, пак, за жена, цената да биде триесет дидрахми.
5За машко од пет до дваесет години цената ќе биде дваесет дидрахми, а за женски десет дидрахми.
6За машко, пак, од еден месец до пет години цената треба да изнесува пет сребрени дидрахми, а за женско три сребрени дидрахми.
7За маж од шеесет години и нагоре цената ќе биде петнаесет среберни дидрахми, додека за жена десет дидрахми.
8Ако е сиромав и нема да плати според цената своја, тогаш тој нека се претстави пред свештеникот, и свештеникот нека го процени: според состојбата на оној, што се заветувал, така нека го процени свештеникот.
9Ако е, пак, добиче од оние што Му се принесуваат како жртва на Господа, ако Му се даде од овие на Господа, ќе биде свето;
10да не се заменува доброто со лошо, или лошото со добро; ако некој замени добиче со добиче тогаш и добичето и неговата замена ќе бидат светиња.
11Ако е тоа нечист добиток, што не се принесува како жртва на Господа, тој нека му биде претставен на свештеникот,
12и свештеникот да процени, дали е тој добар, или лош; како ќе го оцени свештеникот, така и нека биде;
13ако некој сака да го откупи, нека додаде кон цената уште една петина.
14Ако некој Му ја посветува на Господа куќата своја за светиња, свештеникот да ја процени, дали е таа добра, или лоша; како што ќе ја оцени свештеникот, така и да биде.
15Ако оној што ја посветил, побара да ја откупи куќата своја, нека приложи уште една петина во сребро кон цената нејзина, и тогаш таа нека биде негова.
16Ако некој Му посвети на Господа од имотот свој нива, процената треба да биде сразмерно со посеаното: за еден гомер јачмен – педесет сребрени дидрахми.
17Ако некој ја посветува нивата своја во прошталната година, тоа треба да биде според нејзината проценка.
18Ако некој ја посветува нивата своја по прошталната година, треба да биде според неа и процената. Ако ја посветува најдоцна до прошталната година, свештеникот нека ја определи цената во сребро според годините што остануваат до идната проштална година, и да одземе и за толку да ја намали цената.
19Ако оној, што ја посветил нивата своја, побара да ја откупи, нека додаде уште една петина во сребро кон цената нејзина, и таа нека биде негова.
20Ако, пак, тој не ја откупи нивата своја и нивата биде продадена на друг човек, тој веќе не може да ја откупи;
21таа нива, откако ќе биде ослободена во прошталната година, нека биде светиња Господова; таа нека биде земја одделена од сопственост и да биде за свештеникот.
22Ако некој Му посвети на Господа купена нива, која не е во селото на имотот негов,
23свештеникот нека ја определи цената нејзина до прошталната година, и тоа да ја даде, според она како што е пресметано, во истиот ден, како светиња Господова;
24а нивата во прошталната година пак нека мине на оној, од кого била купена и кој што владеел со таа земја.
25Секоја проценка да се врши според свештената мерка – дваесет пенези да чинат една дидрахма.
26А секое првородено што ќе се роди меѓу добитокот твој, никој не може да го заветува: било вол, било од овците – тие се Господови.
27Ако, пак, добитокот е нечист, да се откупува според цената негова и да се додаде кон неа уште една петина; ако не се откупи, тогаш нека се продаде според неговата процена.
28А си што човек Му ветува на Господа со клетва од она, што ги има – од човек до добиток или нива од имотот свој, да не се продава ниту да се откупува: секој завет со клетва е најсвета светиња Господова.
29И си што е ветено од луѓето со клетва, не се откупува: тоа треба да се предаде на смрт.
30И секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припаѓаат на Господа: тоа се светиња Господова;
31ако некој ја откупи десетината своја, да додаде кон цената нејзина уште една петина.
32И секој десеток од воловите, од овците и од си десето што ќе падне под жезал, треба да Му падне на Господа;
33и да не се заменува добро за лошо, ниту лошо за добро; ако некој го замени, тогаш тоа самото и неговата замена да бидат светиња – да не се откупува.«
34Тоа се заповедите, кои Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеј на планината Синај.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.