Псалми 77 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Верноста Божја во водењето на неговиот непослушен народ.

1Внимавајте луѓе Мои на законот Мој, нека чуе увото ваше што зборува устата Моја.

2Ја отворам устата своја за парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време.

3Сѐ чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши,

4не остана сокриено од нивните деца, зашто на идниот род му се раскажуваше славата на Господа и силата Негова, и чудесата Негови што Он ги изврши.

5Он подигна сведоштво во Јакова и положи закон во Израилот, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои,

6за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца,

7да ги полагаат надежите свои на Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди

8и да не бидат како татковците нивни – род упорен и бунтовен, непостојан по срце и не му остана верен на Бога со духот свој.

9Синовите Ефремови, вооружени, стрелајќи со лакови, отстапија во денот на битката:

10тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон.

11Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал,

12чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во Египетската земја, во полето Танеос;

13го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како мев;

14дење ги водеше со облак, а по цела ноќ – со огнена светлина;

15разби карпа во пустињата и ги напои како од голема бездна.

16Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки.

17Но тие продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Ги огорчуваат Севишниот во пустињата:

18го искушуваат Бога со срцето свое, барајќи храна за своите души,

19па го нападнаа Бога, велејќи »Може ли Бог да приготви трпеза во пустиња?«

20Ете, Он удри во карпата – и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Он да му даде и леб, може ли да му приготви трпеза на Својот народ?

21Поради ова што го чу, Господ ги презре и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јакова и гнев се крена против Израилот,

22затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваат на спасението од Него.

23Он им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата,

24па ги одожди со мана за храна, и им даде леб небесен.

25Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување.

26Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар,

27па ги одожди со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски:

28ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта,

29и тие јадеаи се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде.

30Но уште не беше минала нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна,

31а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и Израилевите момчиња ги погуби.

32При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови.

33И така им минеа дните нивни во суета и годините нивни во смутови.

34Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обрнуваа и прибегнуваа кон Бога,

35и се сеќаваа дека Бог е нивни помошник и дека Севишниот Бог е нивни избавител:

36и со устата своја Го мамеа, а со јазикот свој лажеа пред Него;

37но срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов.

38Но Он, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев:

39но Он знаеше дека се тие тело и здив што оди и не се враќа.

40Колкупати Го беа загорчувале во пустињата и Го беа разгневувале во безводната земја!

41И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израилев;

42не се сеќаваа на Неговата рака, ни на денот кога Он ги избави од оној, што ги оскрбуваше;

43кога ги покажа во Египет Своте знаци и во полето Тенеос – Своите чудеса;

44и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат;

45испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги погубуваат;

46житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивни на скакулци;

47лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни – со слана.

48и добитокот нивни го уништи со град, а имотот нивни – со оган;

49го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки – одред зли ангели;

50го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивни го предаде на помор;

51уништи сѐ што беше првородено во Египет, привините од нивниот труд во Храмовите населби.

52Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустињата:

53ги водеше сигурно, и тиене се уплашија; непријателите нивни ги покри морето –

54и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила;

55и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со жреб во нивно наследство, и ги насели Израилевите колена во полињата нивни.

56Но Тие го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови.

57Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак.

58Го ѕразгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа.

59Бог го чу тоа, ги презре и многу го понизи Израилот;

60ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Он меѓу луѓето;

61и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот;

62па го предаде Својот народ на меч и го презре Своето наследство.

63Момчињата нивни оган ги голташе, и за девиците нивни немаше брачни песни;

64свештениците нивни паѓаа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани.

65Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан,

66и ги порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам.

67И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефермово,

68туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби.

69И изгради светилиште Свое како небото и како земјата го утврди за секогаш,

70и го избра Давида својот слуга, го зеде од овчите стада,

71и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јакова, и Израилот, наследството Негово.

72И Он ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help