1Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста.
2Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат.
3Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово.
4Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави.
5Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат.
6Кога несреќниот вика, – Господ го услишува и го спасува од сите негови беди.
7Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува.
8Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева!
9Бојте се од Господа, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои се плашат од Него.
10Осиромашеа и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра.
11Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа.
12Сака ли човек да живее и да види добри денови,
13нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги,
14нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.
15Очите на Господа се обрнати кон праведниците, и ушите Негови – кон молитвите нивни.
16Но лицето на Господа и против оние што вршат зло; ќе го истреби од земјата споменот за нив.
17Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни.
18Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе ги спаси.
19Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави.
20Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши.
21Зла смрт го снаоѓа грешникот, а оние, што го мразат праведниот, ќе загинат.
22Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
