Осија 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Плач и објавување на заслужените казни.

1Додека го лекував Израилот, се откри неправдата на Ефрема и злодејанието на Самарија, оти тие лажат, и крадец се замешал, и разбојник граби по улиците.

2И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколуваат нивните дела; пред лицето Мое се.

3Со злодејанија го веселат царот свој и со лагите свои – кнезовите.

4Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена од лебарот, кој престанува да ја угорува, штом ќе го замеси тестото, и тоа скисне.

5»Денот е на царот наш!« – велат кнезовите, разгорени до болест од вино, а тој ја протега раката своја кон подбивачите.

6Оти со сплетките свои тие го прават срцето свое слично на печка: лебарот нивни спие цела ноќ, а утрината таа гори како вжарена печка.

7Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви паѓаат и никој од нив не вика кон Мене.

8Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена.

9Туѓинци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му побелела, а тој не знае.

10И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни – и покрај сето тоа не се обрнаа кон Господа, својот Бог, и не го побараа.

11А Ефрем стана како глупав гулаб – без срце: ги повикуваат Египтјаните, одат во Асирија.

12Каде и да појдат, Јас ќе ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици небески ќе ги кутнам; ќе ги казнам, како што беше речено во нивното собрание.

13Тешко нив, оти отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие изрекуваа лага против Мене.

14А не повикаа кон Мене од сѐ срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а од Мене отстапуваат.

15Јас ги вразумував и ги утврдував мишките нивни, а тие замислија зло против Мене.

16Тие се свртуваа, но не кон Севишниот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help