1Бев најмал од браќата свои и најмлад во домот на таткото мој; ги пасев овците на татко ми.
2Рацете мои направија цитра, прстите мои го нагласуваа псалтирот.
3И кој да го известил мојот Господ? Но самиот Господ, Самиот Он ме чу.
4И испратил известител Свој, ме зеде од татковите овци и ме помаза со елеј на Своето помазание.
5Браќата ми беа добри и големи, но Господ не благослови да одбере од нив.
6Излегов јас спроти туѓинецот, и тој ме проколна со своите идоли.
7Но јас го извадив мечот негов, го обезглавив и ги спасив од срам синовите Израилеви.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
