2. Коринтјаните 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Службата на Новиот завет е служба на Духот и животот – служба на словото кое убива.

1Пак ли ќе почнеме сами да се фалиме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?

2Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе;

3вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето.

4Таква сигурност во Бога имаме преку Христа,

5но не дека сме способни да помислиме нешто, како од себе: напротив, нашата способност доаѓа од Бога.

6Он ни дал способност да бидеме слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.

7Ако, пак, служењето на смртта со букви, издлабени во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не можеа да погледаат во лицето на Мојсеја, поради преодниот сјај на неговото лице,

8тоа како ли нема да биде славно служењето на Духот!

9Оти, ако служењето на осудувањето е славно, тогаш служењето на оправданието е многу поизобилно со слава.

10И не е славно она што се прослави тогаш спрема преголемата слава.

11Оти, кога е славно она што престанува, тоа во многу поголема слава ќе биде она што останува.

12Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,

13а не како Мојсеј што ставаше покривало на лицето свое, за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на она што останува.

14Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува.

15Па и до ден денес, кога се чита Мојсеј, покривалото им лежи на срце.

16Но, кога ќе се обрнат кон Господа, покривалото им се симнува.

17А Господ е Дух; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.

18Ние, пак, сите со откриено лице, гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во ист образ, од слава во слава, како што доаѓа Духот Господов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help