Псалми 23 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Свечено влегување на Великот Цар во Светилиштето.

1Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е сѐ што живее на неа,

2зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.

3Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место?

4Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не го спомнувал лажливо името Господово пред ближниот свој, –

5тој ќе добие благослов од Господа и милост од Бога, Својот Спасител.

6Таков е родот на оние што Го бараат Господа, кои Го бараат Бога Јаковов!

7Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата!

8Кој е тој Цар на славата? – Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ.

9Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата!

10Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Он е Цар на славата!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help