1На Господа се надевам, зошто да ѝ речете на душата моја: »Одлетај во гората своја како птица?«
2Но ете грешниците, го затегнаа лакот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата, па од мрак да стрелаат на чистите по срце.
3Ти што си направил, тие го разрушија; што може праведникот да прави? Господ е во својот свет храм.
4Господ е на престолот небесни; очите Негови гледаат на сиромавиот, веѓите Негови ги испитуваат синовите човечки.
5Господ го испитува праведникот, а безбожникот, и оној што сака неправда, ја мрази душата своја.
6На грешниците ќе пушти дожд од разгорен јаглен, оган и сулфур, а силен ветар ќе им биде дел во чашата нивна.
7Зашто Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ќе го гледаат праведниците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
