1Набљудувај го месецот на новите плодови и празнувај ја Пасхата на Госпдоа, твојот Бог, зашто во новиот месец си излегол од Египет, ноќе.
2И коли пасха на Господа, твојот Бог, од говедата твои и од овците твои, на местото, што ќе го одбере Господ, за да се призовува името Негово таму.
3Не јади на неа леб со квас: седум дена јади на неа бескавасни лебови, лебови на маките, бидејќи набрзина излеговте од Египет, за да го помните денот на вашиот исход од Египетската земја;
4ништо со квас да нема при тебе во сите твои предели во текот на седумте дена, и од месото, што си го принел како жртва вечерта на првиот ден ништо не смее да преноќева.
5Не смееш да колеш пасха ни во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог ќе ти ги даде:
6туку само на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призовува вечно името Негово, таму колу пасха навечер, при зајдсонце, во она исто време, во кое си излегол од Египетската земја;
7па свари и испечи и јади на она место што ќе го одбере Господ, твојот Бог, а на вториот ден можеш да се вратиш во домот твој.
8Шест дена јади бесквасни лебови, а седмиот ден е последен ден од празникот на Господа, твојот Бог; не врши никаква работа.
9Изброј седум седмици; почни да ги броиш седумте седмици, откога ќе го сравиш српот на жетвата;
10тогаш празнувај го празникот Седмици на Господа, твојот Бог, според она колку што може да даде раката твоја, во кое што те благословил Господ, твојот Бог;
11и развесели се пред Господа, твојот Бог, ти, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левитот кој е во градовите твои, и придојдениот, сиромавиот и вдовицата, што се кај тебе, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива вечно името Негово таму;
12помни, дека ти беше роб во Египетската земја, и пази ги и исполнувај ги овие наредби.
13Седум дена празнувај го празникот Сеници, откако ќе ја прибереш жетвата од нивите твои и виното во садовите твои.
14Па развесели се ти на празникот твој, синот твој и ќерката твоја, робот твој и робинката твоја, левиотот и придојдениот, сиромавиот и вдовицата, кои се во градовите твои;
15седум дена прославувај Го Господа, твојот Бог, на она место, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово, бидејќи ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите плодови твои и во секоја работа на рацете твои и ти само ќе се веселиш.
16Трипати во годината секое машко треба да се јавува пред Господа, твојот Бог, на местото, што ќе го одбере Он, на празникот Бесквасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници; и никој не смее да се јавува пред Господа со празни раце,
17но секој со дар во раката, според благословот од Господа, твојот Бог, од она што ти го дан Он.
18Во сите твои градови, кои Господ, твојот Бог, ти ги дал, постави си судии и надзорници според племињата свои, за да му судат на народот со праведен суд;
19на искривувај го законот, не гледај на лице и не замај дарови, бидејќи подароците ги залепуваат очите на мудрите и го изопачуваат делото на правите;
20праведен суд барај, за да бидеш жив и да отидеш да ја наследиш земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава.
21Не посадувај шумичка било од какви и да е дрвја покрај жртвеникот на Господа, твојот Бог, што ќе си го подигнеш;
22и не гради друг жртвеник, бидејќи тоа го мрази Господ, твојот Бог.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.