1Испрати Езекија по целата земја Израилска и Јудеја, пишуваше и писма до Ефрема и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да направат Пасха на Господа, Бога Израилев.
2А во советот царот и кнезовите и целото собрание во Ерусалим решија да направат Пасха на вториот месец.
3бидејќи не можеа да ја направат кога ѝ беше времето, зашто уште немаше доволен број осветени свештеници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим.
4Тоа му се допадна на царот и на целото собрание.
5И решија да разгласат по цел Израил, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господа, Бога Израилев, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено.
6И тргнаа брозоодци со писма од царот и од кнезовите негови по целата земја Израилска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: »Деца Израилеви! Обрнете се кон Господа, Бога Авраамов, Исаков и Израилев, и Он ќе се сврти кон оние, што се унесреќени меѓу вас од раката на асирските цареви.
7И не бидете како татковците ваши и браќата ваши, кои постапуваа беззаконо пред Господа, Бога на татковците ваши, и Он ги предаде за истребување, како што гледате.
8Сега не бидете тврдоглави како татковците ваши, покорете Му се на Господа и доаѓајте во светилиштето Негово, кое Он го освети засекогаш; служете Му на Господа, нашиот Бог, и Он ќе го отстрани од вас пламенот на гневот Свој.
9Кога ќе се обрнете кон Господа, браќата ваши и децата ваши ќе најдат милост кај оние, што ги заробиле, и ќе се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обрнете кон Него.«
10Брзоодците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, дури до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив.
11Но пак некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се смирија и дојдоа во Ерусалим.
12А над Јудеја беше раката Божја, та им даде едно срце, за да ја исполнат заповедта на царот и кнезовите, според словото Господово.
13И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празнуваат празникот на Бесквасниците през вториот месец: собранието беше мошне многубројно.
14Па станаа и ги растурија жртвениците, што беа во Ерусалим, и сѐ, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон,
15го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, посрамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов,
16и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеја, Божји човек. Свештениците оросуваа со крв, земајќи ја од рацете на левитите.
17А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не беа се осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господа.
18Мнозина од народот, повеќето од коленото Ефремово и Манасиево, Исахарово и Завулоново, не се очистија; но и тие јадеа пасха, не според законот.
19Но Езекија се помоли за нив и рече: »Благиот Господ да прости секого, кој што го расположил срцето свое да Го бара Господа Бога, Бог на татковците свои, макар и без свештено очистување.«
20И Господ го послуша Езекија и му прости на народот.
21Така синовите Израилеви, кои што беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците през седум дена со голема веселба; секој ден левитите и свештениците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господа.
22И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господа. И ја јадеа празничната жртва седум дена, принесувајќи мирни жртви и славејќи Го Господа, Бога на татковците свои.
23И целото собрание реши да празнува други седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба,
24зашто Езекија, цар Јудејски, дотера за собраните илјада телиња и десет илјади ситен добиток, а велможите дотераа за собраните илјада телиња и десет илјади ситен добиток; тогаш веќе се осветија мошне многу свештеници.
25И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собрание, надојдено од Израил, и дојденците што беа дошле од Израилската земја и кои што живееја во Јудеја.
26И стана голема веселба во Ерусалим, зашто од дните на Соломона, син Давидов, цар Израилев, не се случи такво нешто во Ерусалим.
27Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нивниот глас беше чуен од Господа, и молитвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.