1Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авинеемов со овие зборови:
2»Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израилот, народот покажа сесрдност.
3Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ќе Му пеам и ќе Му свирам на Господа, на Господа, Бога Израилев!
4Кога излегуваше Ти, Господи, од Сир, кога доаѓаше од селото Едомово, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа;
5горите се топеа од лицето на Господа, дури и Синај затрепери пред Господа, Бога Израилев.
6Во дните на Самегара, синот Анатов, во дните на Јаил, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки.
7Во Израилот немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, дедека не востанав јас, мајката Израилева.
8Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје од четириесет илјади од Израилот?
9Срцето ми е кон вас, началници Израилеви, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа!
10Вие, кои јавате на бели ослици, што седите во судовите и одите по патот, проповедајте!
11Среде гласовите на оние што плескаат, таму нека покажат правда, Господи, зацврсти ја правдата во Израилот! Тогаш народот Господв се разотиде по своите градови.
12Стани, стани! Деворо! Стани, стани, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авинеемов!
13Тогаш се возвеличи силата негова; Господ мене ми ги потчини храбрите.
14Од Ефрема дојдоа оние, кои беа фатиле корен во долините; по тебе е братот твој Венијамин, според народот твој; од Махир доаѓаа началници, а од Завулона оние што се занимаваат со пишување.
15И кнезовите Исахарови со Девора, и Исахар исто така како Варак, се спуштија пеш во долината. Во Рувимовите племиња – големо разногласие.
16Зошто си ми седнал меѓу кошарите и го слушаш блеењето на стадата? Во Рувимовите племиња – големо несогласие.
17Галад си живее спокојно од онаа страна на Јордан, и зошто Дан да се занимава со корабите, а Асир да седи на морскиот брег и се весели при своите пристаништа.
18Завулон е народ, кој ја даде душата своја на смртта, и Нефталим – на полските височини.
19Дојдоа цареви, тогаш се судрија царевите ханански во Тахан, при водите Мегидонски, но ни парче сребро не добија.
20Од небото се војуваше, се биеја ѕвездите од своите патишта против Сисара.
21Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кадимин, потокот Кисон. Гази ги, душо моја, силните!
22Тогаш отпаѓаа копита на коњите од топотење, од терањето на јавачите нивни.
23Проколнете го Мазор, рече Ангелот Господов, проколнете ги жителите негови, затоа што не дојдоа на помош на Господа со храбрите.
24Нека е благословена меѓу жените Јаил, жената на Кенеецот Хевер, меѓу жените во шаторите нека е благословена!
25Тој побара вода: таа млеко му даде, во војводска чаша му донесе кравја павлака.
26Левата рака своја таа ја протегна кон колецот, а десната – кон чеканот ковачки; го удри Сисара, му ја смрска главата, го прободе и му ги проби слепоочниците негови.
27Меѓу нозете нејзини падна, истоштен се испружи и умре, меѓу нозете незини падна веднаш.
28Погледна низ прозорецот Сисаровата мајка, низ решетката и си помисли: зошто не доаѓа уште колата негова, зошто се забавуваат тркалата на колите негови?
29Мудрите нејзини дворјани ѝ одговараат, а и самата таа си одговара на зборовите свои:
30можеби нашле плен, па го делат: кому по една мома, кому по две на војник. Плен шарен за Сисара, плен шарен, везен; шарен и везен од обете страни, симнат од рамениците на пленикот.
31Така да загинат сите Твои непријатели, Господи! А оние, кои Го сакаат, да бидат како сонце кога изгрева во сета своја сила!« – И мирна беше земјата четириесет години.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.