4 Царства 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јелисеевиот ученик го помазува за цар Јуја. Јуј прогласен за цар. Убиството на Јорам. Смртта на Охозија. Убиството на Језавела.

1Пророкот Јелисеј повика еден од пророчките синови и му рече: »Препаши се околу половината, земи го в рака овој сад со елеј, па оди во Рамот Галадски;

2кога ќе дојдеш таму, најди го таму Јуја, синот на Јосафата, Намесиев син, пристапи и кажи му да излезе среде браќата свои и воведи го во внатрешната соба;

3тогаш земи го садот со елеј, излиј го врз главата негова и кажи: вака вели Господ: ‚Те помазувам за цар над Израилот.‘ Потоа отвори ја вратата, па бегај и не чекај.«

4Момчето, слугата пророков, отиде во Рамот Галадски,

5и стигна. И ете, војводите испоседнале, а тој рече: »Имам нешто да ти кажам, војводо.« Јуј праша: »На кого од сите нас?« Тој одговори: »Тебе, војводо.«

6Јуј стана и влезе в куќи. И момчето го изли елејот врз главата негова и му рече: »Вака вели Господ, Бог Израилев: ‚Те помазувам за цар над народот Господов, над Израилот,‘

7и ти ќе го истребиш домот на Ахава, твојот господар, за да одмаздам за крвта на Моите слуги – пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела;

8и ќе изгине целиот дом Ахавов, и ќе го истребам во Ахава сѐ, и она што мокри до ѕид, и затворено, и изоставено во Израилот,

9и ќе го направам домот на Ахава како домот на Наватовиот син Јеровоама и како домот на Ахиевиот син Васа;

10а Језавела кучиња ќе ја изедат на Језраелското поле, и никој нема да ја погребе.« Па ја отвори вратата и избега.

11И отиде Јуј при слугите на господарот свој, и тие му рекоа: »Со мир ли? Зошто дојде тој безумник при тебе?« И им кажа: »Вие го знаете тој човек и што зборуваше.«

12И рекоа: »Не е вистина, кажи ни.« А тој рече: »Тоа и тоа ми кажа, велејќи: вака вели Господ: ‚те помазувам за цар над Израилот.‘«

13Тогаш тие побрзаа и секој си ја зеде облеката своја, му послаа на понискиот степеник, затрубија со труба и рекоа: »Јуј стана цар.«

14И стана Јуј, синот на Намесеивиот син Јосафат, против Јорама, а Јорам се наоѓаше со сите Израилци во Рамот Галадски на стража против сирискиот цар Азаил.

15Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Језраел од раните, што му ги нанесоа Сиријците, кога војуваше против сирискиот цар Азаил. И Јуј им рече: »Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот, за да оди да извести во Језраел.«

16Јуј се качи на коњот и тргна за Језраел, каде што лежеше Јорам, царот израилски, за да се лекува од раните, што му ги беа нанеле Сиријците во Рамот, кога војуваше против силниот и моќниот сириски цар Азаил, и каде што беше дошол јудјскиот цар Охозиј, за да го посети Јорама.

17На кулата во Језраел стоеше стражар, и го здогледа Јујевото мноштво, кога доаѓаше, и рече: »Многу луѓе гледам.« И Јорам му рече: »Земи коњаник, одведи го во пресрет нивни и нека праша: ‚Со мир ли доаѓате?‘«

18И излезе коњаникот на коњ во нивни пресрет и рече: »Вака вели царот: – со мир ли доаѓате?« И одговори Јуј: »Што ти е тебе – дали со мир доаѓам? Тргнувај по мене.« И стражарот јави и рече: »Стигна до нив, но не се враќа.«

19Испратија друг коњаник; тој отиде при нив и рече: »Вака вели царот: – со мир ли доаѓаш?« И рече Јуј: »Што ти е тебе – со мир ли доаѓам? Тргнувај по мене.«

20Стражарот пак јави и рече: »Стигна до нив, но не се враќа. А одот како да е на Намесиевиот син Јуј, зашто тој оди гордо.«

21Јорам рече: »Впрегнувај.« И ја впрегнаа колата негова. Излезе израилскиот цар Јорам и јудејскиот цар Охозиј, секој на коњите свои. Излегоа до го пресретнат Јуја, и се сретнаа со него во нивата на Јерзаелецот Навутеј.

22Кога Јорам го виде Јуја, рече: »Со мир ли, Јуј?« Тој одговори: »Каков мир при блудството на мајка ти Јазавела и при многуте нејзини магии?«

23Тогаш Јорам се сврте и избега, велејќи му на Охозиј: »Предавство, Охозиј!«

24А Јуј го оптегна со раката лакот и го удри Јорама меѓу плешките негови, и стрелата го прободе срцето негово, и тој падна во колата своја.

25Тогаш Јуј му рече на војводата свој Вадекар: »Земи, та фрли го во нивата на Језраелецот Навутеј, зашто сети се кога ние со тебе одевме двајцата зад татка му Ахава, и како Господ изрече врз него вакво пророштво:

26‚Навистина јас ја видов вчера крвта на Навутеја и крвта на синовите негови, велеше Господ, и ќе ти се одмаздам во таа нива.‘ И така, земи, та фрли го во нивата, според словото Господово.«

27Јудејскиот цар Охозиј, кога го виде тоа, избега по патот кон куќата, што беше во градината. И се спушти по него Јуј и рече: »Удрете го и него во колата.« Тоа стана на ритчето Гур, близу до Јевлаам. И тој избега во Магедон, и таму умре.

28Слугите нагови го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, при татковците негови, во Давидовиот град.

29Во единаесеттата година на Ахавовиот син Јорама во Јудеја стана цар Охозиј.

30Јуј пристигна во Језраел. А Језавела, откако доби известување, стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја и гледаше низ прозорецот.

31Кога Јуј влезе во портите, таа праша: »Ќе има ли мир за Замвриј, убиецот на господарот свој?«

32Тој ги крена очите кон прозорецот и праша: »Кој е со мене, кој?« И го свртија погледот кон него двајца – тројца дворски слуги.

33Тогаш тој им рече: »Фрлете ја!« Тие ја фрлија, и крвта ѝ се разлеа по ѕидот и по коњите, и ја изгазија.

34И дојде Јуј, јадеше, пиеше и рече: »Најдете ја онаа проклетица и погребете ја, бидејќи е царска ќерка.«

35Отидоа да ја погребаат, но од неа не најдоа ништо, туку само черепот, нозете и шаките од рацете.

36Се вратија и му соопштија, а тој рече: »Такво беше словото на Господа, што го изрече Он преку слугата Свој Тесвитецот Илија, велејќи: ‚Језавелиниот труп ќе го изедат кучиња на Језраелското поле.

37Језавелиниот труп ќе биде на Језраелското поле како ѓубре на нива, та никој не ќе може да каже: »ова е Језавела«.‘«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help