1Работник пијаница нкогаш нема да се збогати, а оној што ги презира малите работи, набргу и без нив ќе остане.
2Виното и жените ги расипуваат и разумните луѓе, а кој се врзува со блудница – ќе загуби секаков срам.
3Гниењето и црвите ќе го наследат; неразумната душа ќе биде погубена.
4Лесномислен е оној што брзо се доверува, а кој греши – греши против својата душа.
5Кој ужива во злото казнет ќе биде, а кој им се противи на грешните желби – тој животот свој ќе го овенча.
6Кој јазикот свој го воздржува – мирно ќе живее, а кој мрази мрморење, злото го прогонува.
7Не повторувај ги зборовите што ти се доверени, и ништо нема да ти недостасува.
8Не доверувај ништо ни на пријател ниту на непријател; ако тоа не е грев за тебе – не откривај го;
9зашто оној што ќе те ислуша ќе се припазува од тебе, а по извесно време и ќе те намрази.
10Ако слушнеш нешто, нека умре во тебе; биди како гроб. Не плаши се! Нема да те раскине.
11Кога неразумниот нешто слушне, го обземаат болки – како родилка при породување на младенец.
12Како што е стрелата забодена во бедро, таков е и зборот во срцето на неразумниот.
13Прашај го твојот пријател, можеби не го направил тоа; а, ако го направил, да не го прави во иднина.
14Прашај го пријателот: можеби не рекол ништо, а ако рекол, да не го повторува во иднина.
15Прашај го пријателот твој, зошто често има клеветење.
16На секој збор не верувај.
17Некој греши со зборови, но не и со душа; а кој не згрешил со својот јазик?
18Распрашај го соседот твој пред да го заплашуваш; дај му место и на законот на Севишниот. Секоја мудрост е Господен страв; секоја мудрост е извршување на законот.
19Не е мудрост да знаеш да правиш лошо; на собирот од грешници – разумност нема.
20Има итрина и таа е одвратна; луд е оној што мудрост нема.
21Подобро е сиромашен со знаење, но со Господен страв, отколку богат со знаење, а да го прекршува Законот.
22Има лукава итрина во служба на неправдата, има и изопачување на вистината – корист да се добие.
23Има човек што оди подгрбавен и натажен, но однатре е полн со подмолност;
24го наведнал лицето и се прави глув, но тој ќе те измами и кога не мислиш.
25Ако немоќта му попречила да згреши, но, штом можноста му се даде – ќе ти направи зло.
26Човек се познава по изгледот и по изразот на лицето разумниот го познаваме.
27Облеката, смеењето и начинот на одење покажуваат каков е човекот.
28Има прекор што не е навреме; а има и таков што може да се премолчи – и тоа е благоразумно.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
