1Човек, кој, бидејќи разобличуван, останува тврдоглав, неочекувано ќе биде скршен, и ќе нема за него лек.
2Кога праведниците се умножуваат, народот се весели, а кога нечесниот господари, народот офка.
3Човек, кој ја сака мудроста, го радува татка си; а кој се дружи со блудници, имотот го растура.
4Царот со правда ја зајакнува земјата своја, а кој љуби подароци, ја расипува.
5Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови.
6Гревот на лошиот човек е стапица за него, а праведникот ќе се весели и ќе се радува.
7Праведниот грижливо вникнува во маката на бедните, а нечесниот не се интересира за тоа.
8Развратните луѓе го бунтуваат градот, а мудрите го смируваат гневот.
9Умен човек, кога се суди со безумен човек, се лути ли, или се смее, – нема мир.
10Крвожедните луѓе го мразат непорочниот, а праведните се грижат за неговиот живот.
11Безумниот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува.
12Ако управителот слуша лажни зборови, тогаш и сите негови поданици се нечесни.
13Сиромавиот и зајмодавецот се среќаваат еден со друг; но Господ им дава и на двајцата светлина во очите.
14Ако царот им суди на сиромасите по правда, престолот негов ќе се зајакне засекогаш.
15Пратот и прекорот даваат мудрост; но момче, оставено без грижа, ги посрамува своите родители.
16Кога се умножуваат нечесните, се умножува беззаконието; но праведните ќе го видат нивното паѓање.
17Казнувај го синот свој, и тој ќе ти даде мир и ќе ѝ донесе радост на душата твоја.
18Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, блажен е.
19Лошиот човек со зборови нема да се научи, зашто, и да ги разбира, не ги слуша.
20Ако си видел човек брз и недомислен во зборовите свои, повеќе надевај се на безумен, отколку на него.
21Ако ласкаво држиш слуга од детството, подоцна ќе посака да ти стане син.
22Гневлив човек подига бунтови, а избувливиот многу греши.
23Гордоста на човека го понизува, а смирениот по дух ќе се здобие со чест.
24Кој дели со крадец, ја мрази душата своја; и слуша клетви, но не ги соопштува.
25Оние што се плашат и срамуваат од луѓето, ќе се сопнат; а кој се надева на Господа, ќе се развесели; нечесноста води кон соблазна, а кој се надева на Господа, тој ќе се спаси.
26Мнозина го бараат благосклоното лице на управителот, но правдата на човека е од Господа.
27Неправеден човек е одвратен за праведниците, а одвратност за нечесниот е оној што оди по прав пат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
