1Си реков: ќе пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; се погрижив устата моја да е претпазлива додека е грешникот пред мене.
2Онемев и се смирив, и замолкнав дури и за доброто; и јадот мој се обнови.
3Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган ќе се разгори во мислите мои. Проговорив со јазикот свој:
4кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку сум ништожен.
5Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе. И навистина, сѐ е суета, секој човек што живее.
6Навистина, човек оди како сенка и залудно се возбудува; собира богатство, а не знае кому ќе му го остави.
7И сега што да очекувам? Зар надежта моја не е во Тебе, Господи?
8Спаси ме од сите беззаконија; си допуштил да бидам поруга на безумниот.
9Занемев и не ја отворив устата, зашто Ти ме создаде.
10Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака.
11Преку казни заради беззаконија си го воспитал човекот и душата негова си ја расточила како пајажина. И залудно се возбудува секој човек.
12Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; небиди безгласен како моите солзи, зашто сум туѓ во Тебе и придојден, како сите мои татковци.
13Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веќе.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
