Исаија 32 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Спасение од Господа.

1Ете, царот ќе царува по правда, а кнезовите ќе управуваат по закон;

2секој од нив ќе биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја.

3И очите на оние што гледаат нема да бида закривани; ушите на оние што слушаат, ќе внимаваат.

4И срцето на лесномислените ќе умее да расудува; оние што говорат на нос, ќе говорат јасно.

5Простакот нема повеќе да го нарекуваат чесен, а за подмолниот нема да велат дека е честит.

6Зашто простакот говори глупости и срцето негово мисли на беззаконие, за да дејствува лицемерно и да искажува хула проти Господа, да ја лишува од леб душата на гладниот и да го одзема пиењето од жедниот.

7Кај подмолниот и средствата се погибелни: тој прави стапици, за да го погуби сиромавиот со лажливи зборови, макар што сиромавиот и да е прав.

8А чесниот мисли на чесното и цврсто стои во сѐ што е чесно.

9Жени безгрижни, застанете, чујте го гласот мој; ќерки немирни, приклонете го увото кон зборовите Мои.

10Уште една година и неколку дена, и ќе се ужаснете вие, безгрижни! Гроздобер нема да има и време за жетва нема да настане.

11Стреснете се вие, безгрижни! Ужаснете се вие, невнимателни! Соблечете се, оголете се и крстот препашете го.

12Ќе се бијат во гради за прекрасните полиња, за родната лоза.

13Во земјата на народот Мој ќе растат трње и боцки; така ќе биде и во сите домови во градот што ликува;

14зашто дворците ќе бидат оставени, шумниот град ќе биде напуштен; Офел и кулата ќе станат место пештери – прибежеште на диви осли и на стада што пасат.

15Додека не се излие врз нас Духот одозгора, и пустињата не стане градина, и градината не почнат да ја сметаат за шума.

16Тогаш ќе се воведе суд во таа пустиња, и правда ќе преуспева во плодоносното поле.

17Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на правосудството – спокојство и безопасност засекогаш.

18Тогаш народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените.

19И град ќе паѓа врз гората; градот ќе слезе во долината.

20Блажени сте вие, што сеете при сите води и што испраќате таму и вол и осел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help