1Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене и ја чу молитвата моја,
2и ме изведе од длабината на јадот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои;
3а во устата моја вложи нова песна – похвала на нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господа.
4Блажен е оној човек, чија надеж е името на Господа и не се загледува во ништожни работи и лажни воодушевувања.
5Многу чудесни дела си направил. Господи, Боже мој, и по многуте мисли Твои кој може да се спореди со Тебе! Почнав да ги објавувам и да зборувам со нив, нотие број немаат.
6Жртви и приноси Ти не побара, но телото ни го подготви; сепаленица и жртва за грев Ти не побара.
7Тогаш реков; еве, идам; во книгата за мене е напишано;
8одлучив да ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; и Твојот закон е во срцето мое.
9ја објавувам Твојата правда во големото собрание; не ѝ бранев на устата моја; Ти го знаеш тоа, Господи.
10Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив вистината Твоја и спасението Твое; и не је затаив Твојата милост и Твојата вистина од собранието.
11Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата милост и Твојата вистина ме пазеа постојано,
12зашто зла безбројни ме опкружија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, – тие се повеќе од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави.
13Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош.
14Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло.
15Веднаш да си го понесат својот срам оние, кои сакајќи да ми се наругаат велат: »Добро, добро!«
16Нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те бараат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик – Господ!
17А јас сум сиромав и беден; Господ ќе се грижи за мене. Ти си помошник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
